Како во текот на зимата да комбинирате плетена облека со накит?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Плетените џемпери се хит во текот на зимата, а оваа модна сезона ги гледаме насекаде: на модните писти, во уличната мода, по модните блогови и магазини. Тоа е сосема очекувано. Овие парчиња облека се топли, удобни и создаваат автентичен зимски изглед. Згора на тоа, одлично се комбинираат со фармерки и класични пантолони, како и со здолништа. Па, како да го зачините овој топол зимски изглед со накит за да постигнете уникатен стајлинг и специфичен ефект?

Вашите дневни комбинации може да станат уште подобри доколку сте доволно храбри да си поиграте со боите и стилот на модните детали. Токму со воведување на некое впечатливо парче накит или неочекувана боја можете да додадете личен печат на некоја навидум неспоива комбинација.

И оваа година, како и претходните неколку, тренди се големите (oversized) џемпери изработени со интересни плетки кои им додаваат текстура на инаку еднобојните парчиња.

Ова модно парче е одличен избор за брзо и лесно комбинирање со вашите омилени фармерки или панталони, на што одлично се надополнува крупен накит во јаки бои кој пак можете да го вклопите со впечатлив кармин и нокти со впечатлив лак. Изберете накит кој дава им живост и позитивност на еднобојните зимски парчиња облека.

Тој може да го разигра целиот ваш изглед и да направи да изгледате свежи и препознатливи.
Извор:кафепауза

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This