КАКО ЗАЕВ КУПУВАЛ ГЛАСОВИ: Ако Вилма „не нашла“ докази во ПИ мерките, нека прочита колку пари земала „Универзал Градба“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека трае комисиската расправа за контроверзниот закон за јавното обвинителство во Собранието на Р.Македонија, обвинителите продолжуваат да ги прекршуваат законите кои се заколнале дека ќе ги спроведуваат и ќе ги бранат. Таква е ситуацијата барем со последниот случај во кој Обвинителството за организиран криминал и корупција можеше да реагира, ако не по доказите кои биле доставени пред 5-6 години, тогаш по допрен глас и доказите кои во недостаток на институционално постапување, испливаа во јавноста

 

Еден од примерите е случајот кој го отвори италијанскиот „Ла Верита“ во кој Зоран Заев и неговото потестно семејство за време на изборната кампања во 2014-та година вршеле поткуп на гласови, и тоа дел со пари, а друг дел со ветувања. Имало и закани, па кланот Заеви си поигрувале со човечките судбини па од работа бркале луѓе кои во Струмица гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Таков грев направил извесен Асан кој останал без работа затоа што гласал за ВМРО-ДПМНЕ, но и бејбиситерка која го направила истиот „грев“ во очите на Заеви од Муртино.

Но, еве и да ја разбереме Вилма Русковска која можеби и се плаши – под претпоставка дека не направила лукративен договор за себе – од одмаздата на кланот Заеви, слушајќи ги како оставаат цели семејства без егзистенција, па обвинителката плашејќи се не започнала постапка против нив. Но, што прават другите обвинители, затоа што месно надлежни обвинителства за овој случај се сите. Од Скопје до Гевгелија. И никој, никој не писна.

Случајот на „Ла Верита“ открива друга злоупотреба, па ако не ги бркаат Заевци, еве друга можност.

Фирмата „Универзал Градба“ која во разговорите за поткуп на гласови од страна на Зоран Заев е спомената во неколку наврати како компанија која му „вршела работа“ за добивање на гласови на тогашниот градоначалник на Струмица, од 2017 до 2019 добила стотици милиони денари вредни тендери. А, ако цениме по објавените транскрипти во италијанскиот весник, тогаш, оснвано можеме да се сомневаме дека тендерите се добивани во четири очи без соодветна документација и исполнување на законски предвидените услови.

Освен еден услов – едно евро за црквата, едно за Вицето.

 

Првиот евидентиран тендер, а има и неевидентирани, е во 2015 година.

Универзал градба Струмица во 2015 година склучила договор со општината во вредност од 300.000 денари, односно, ова е објавено кога за прв пат законски институциите мораа да ги објавуваат дури и „помалите“ јавни набавки.

Во текот на 2016 година, „Универзал градба“ добила вкупно  2.2 милиони евра, односно 135 милиони евра. Таксативно вака изгледаат тендерите кои под сомнителни околнисти ги добила фирмата која му помагала на Зоран Заев кога тој се наоѓал во „шкрипец“, а му требале гласови.

17.08.2016 1.213.000,00ден.
23.08.2016 600.000,00ден.

во 2017та година нема месец без тенедер за оваа компанија

1.300.000,00ден.
2.700.000,00ден.
7.600.021,28ден.
21.240.000,00ден. 21.06.2017 од овој тендер натаму сите над повеќе десетици милиони денари.

78.000.000,10ден.
11.999.999,99ден.
100.000,00ден.
122,940,021‬

Она што паѓа во очи е дека оваа фирма често ги надминува предвидените стедства од договорите за набавка, за разлика од праксата каде заклучениот договор најчесто има пониска вредност од предвидените средства за реализација.

Секако, тендерите продолжуваат да течат и во 2018-та година. Разликата е што сега тендерите се значително повисоки, имајќи во предвид дека сега некогашниот градоначалник е премиер. А, како што и тој самиот кажуваше на состанокот каде на еден бизнисмен му побара 200.000 евра рушвет, премиерската позиција требало да ја „искористат струмичките бизнисмени“. И навистина, „Универзал градба“ ја искористиле. Со мултимилионски договори со општината.

Во 2018-та година, тендерите кои Општина Струмица ги доделила на „Универзал Градба“ изгледаат вака:

29.500.000,00ден.
68.000.000,42ден
101.700,00ден
97,601,700‬
Вкупно за 2018 1,587,019 евра

 

А во 2019-та, кога се опуштиле, дека нели власт се, силни се. Сменија име, странците ги штитат и сите други приказни со кои се тешат дека нема да одговараат пред законите, вкупната вредност на тендерите била речиси 40 милиони денари.

Тендери 2019:
708.000,00ден.
500.000,22ден
5.030.697,54ден
11.199.951,00ден.
199.951,00ден.
20.000.000,54ден
1.400.904,00ден.
вкупно 39,039,504 ден

 

 

И така, додека Вилма Русковска се прави слепа при очи, и глува при уши, неможејќи да најде докази во ПИ мерките кои во 2014-та полицијата ги доставила до обвинителството, криминалите непречено си течат.

Таков е случајот и со вработувањето на нејзиниот внук, кој Русковска си го префрла од Куманово во обвинителството во Скопје. Тука пак, Антикорупциската смета дека внукот на Русковска всушност не и е внук. И кога шефицата на Обвинителството кое треба да гони организиран криминал и корупција, и самата ги користи „дупките во законот“, дали навистина некој очекуваше дека таа ќе го гони и Зоран Заев за изборен поткуп или да провери како фирми како „Универзал градба“ добивале милионски суми тендери под сомнителни околности.

Ако некој верувал во ова, или живеел во пештера во последните пет години, или пак само што се доселил во Македонија.

Џабе е закон за обвинителство додека не се промени од корен целата јавно-обвинителска и судска фела. Со чест на исклучоци.

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This