March 29, 2024, 12:44 pm

КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Загадениот воздух предизвикува аутизам кај децата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според најновите истражувања, изложеноста на одделни видови на загадување на воздухот во раното детство може значително да го зголеми ризикот од развој на симптомите поврзани со аутистичен спектар на нарушување (АСН), пишува „Сајнс алерт“.

И порано некои студии укажуваа на можното влијание на загадувањето на воздухот на неродените деца, но истражувачите на Универзитетот Монаш отидоа еден чекор понатаму и забележаа дека постои континуиран ризик од аутизам во првите неколку години на детето и ако детето живее во област со високо ниво на загаденост на воздухот.

Истражувањата во Шангај беа спроведени од експерти за јавно здравје кои го следеа влијанието на загадениот воздух врз здравјето на околу 1.500 деца.

Повеќето студии досега ја набљудуваа врската помеѓу аутизмот и квалитетот на воздухот во преднаталната возраст, односно пред раѓањето на детето. Ова истражување отиде чекор подалеку и се фокусираше на веќе родени деца. Така, истражувачкиот тим го следеше животот на 124 деца со аутизам и на 1.240 деца кои немаа АСН дијагноза. Испитаници беа деца на возраст помеѓу 3 и 12 години.

Тимот забележа дека децата кои во првите три години од животот се изложени на честички со големина од околу 1 микрометар имаат 86% поголема веројатност да имаат аутизам.Честичките со големина од околу еден микрометар, според истражувањето, се поопасни за здравјето од честичките со други димензии.

„Дури и најмало ниво на загаденост може на некој начин да влијае врз здравјето на детето. Ние забележавме дека дури и изложувањето на многу мали количини на ситни честички од загадениот воздух е поврзано со предвремено породување, побавно учење кај децата и голем број сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања”, вели водителот на истражувањето, Јуминг Гуо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This