КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛА ФУНКЦИЈАТА: Записник од советот на јавни обивнители покажува како течела седницата со Јанева!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на јавните обвинители, на седница во февруари 2016 година констатирал дека Катица Јанева незаконски ги разрешила двете обвинителки од Скопје и Тетово, Марија Ѓорѓева и Лејла Кадриу, па барал начин како да ги врати во матичните обвинителства, само три месеци по изборот во СЈО, пишува порталот Сведок.

Записниците од седниците на Советот покажуваат дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја злоупотребила функцијата, а тоа го констатирала и Комисијата составена од тројца членови кои ги испитувале обвинителките, Сашо Василевски, Костадин Кизов, и Миле Мојсовски, а подоцна, по расправата и самиот Совет.

-Направена е грешка при разрешување на двете обвинителки. Прашувам, каков ќе биде статусот на овие две јави обвинителки, престанок или разрешување на јавен обвинител, како што предвидуваат законите за Советот и за ЈОРМ. Во конкретниов случај нема конкретна постапка за престанок на функцијата јавен обвинител. Во овој случај, Советот треба да донесе одлука за намалување на бројот на јавни обвибители во СЈО, ако се прифати дека е намален обемот на работа како причина за отстранување на обвинителките – рекол Костадин Кизов, јавен обвинител, покажуваат записниците.

Сашо Василевски рекол дека Катица Јанева е одговорна пред Советот на јавни обвибнители, а со одлуката да ги отстрани обвинителките направила пропуст, со тоа што не го информирала Советот за разрешувањето на јавните обвинителки. Советот е телото кое ја следи и утврдува работата на СЈО.

Членот на Советот, Зоран Сулејманов бил најдиректен и констатирал дека Катица Јанева го лажела Советот со дописите што ги испратила во кои тврдела дека двете обвинителки сами сакале да си одат, а после се правдала дека бил намален обемот на работа, иако не било почнато преслушувањето на примените т.н. бомби.

Затоа Советот се договорил да бара информација од СЈО и Јанева колку материјали (предмети) имаат во работа, за да се оцени дали треба да се намали бројот од 12 на 10 обвинители по враќањето на Ѓорѓева и Кадриу во матичните обвинителства.

-Јанева ги повредила ЗКП, законите за СЈО, за Советот и за ЈОРМ, покажа дрскост и самоволие. Советот има должност да води контрола над работата на СЈО, за да се стави во позиција на законито и уставно работење. Треба да се констатираат фактите и да се исправат грешките кои ги прави СЈО од правни, етички ии други аспекти. Не смеат да се повторат грешките и пропустите воочени во записниците кои може да доведат до лоши последици. Да не дозволиме ад-хок тело да стане дводомно и да се случуваат вакви работи, а не како што слушаме во медиумите дека советот вршѓи притисок врз работата на СЈО- рекол Зоран Сулејманов, член на советот на обвинители.

Љубомир Јовески, сега Јавен обвинител, тогаш член на Советот побарал Советот ургентно да го реши прашањето за враќање на двете обвинителки во матичните обвинителства, бидејќи тоа според него било тежиштето на проблемот, а потоа да се размисли за донесување на одлука за намалување на бројот на обвинителите на СЈО.

По оваа и дополнителна дискусија, Советот заклучил дека Катица Јанева со разрешувањето направила очигледни пропусти во постапувањето и организацијата на СЈО и во иднина сите вакви постапки мора да се во консултација со Советот. Да се најде решение за статусот на јавните обвинителки, заклучил Советот.

Тие не го прифатиле правдањето на Јанева дека ги разрешила обвинителките без мислење од Советот бидејќи имало случаи на упатување на обвинители во Крива Паланка и ВЈО Гостивар од други подрачја, за кои претходно не се барало мислење.

Веќе објавивме дека Катица Јанева три месеци по формирањето на СЈО насила ги отстрани двете обвинителки од СЈО, а причините никогаш јавно не беа соопштени. Јанева пред Советот тврдела дека обвинителките се стручни и немала забелешка за нивната работа.

Марија Ѓорѓева сега е обвинител во обвинителството за гонење на оргнизиран криминал, а Лејла Кадриу конкурира за Виш обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This