April 26, 2024, 10:58 am

КОЛИНДА:Не се грижев ниту за шминката, ниту за фризурата, ниту за облеката. Панталоните се уништени, чевлите ми беа полни со вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако се врати во Хрватска од Русија, каде што го следеше финалето на фудбалското Светско првенство (СП) меѓу Хрватска и Франција, Колинда Грабар Китаровиќ изјави за „РТЛ“ дека атмосферата на стадионот ја понела и дека не можела да се воздржи па дури и го бакна трофејот. Објасни дека тоа го направила бидејќи тој трофеј толку го сакала и иако формално не го освоила, вели дека исто како да го сторила тоа.

– Не можев да издржам, а да не дојдам. Беше тоа долга ноќ. Не можев да спијам од возбуда, помешани чувства, гордост и радост, но и мала тага што не победивме бидејќи бевме подобри од Французите. Тоа сите го признаа, дури и претседателот Макрон. Ни недостигаше малку среќа. Многу ми е драго што целиот свет не доживува не како морални победници, туку како победници кои ги освоија срцата – изјави Грабар Китаровиќ.

Хрватската претседателка во изјавата за „РТЛ“ кажа дека Путин можеби навивал за Хрватска, иако не била сигурна во оваа констатација.

– Мислам дека Путин навиваше за Хрватска – рече Грабар Китаровиќ.

Иако таа накисна од дождот за време на доделувањето на медалите, вели дека не и било гајле.

– Не се грижев ниту за шминката, ниту за фризурата, ниту за облеката. Панталоните се уништени, чевлите ми беа полни со вода, едвај одев во нив, но јас не го почувствував дождот поради тоа што ме понесе заносот и чувството – изјави таа.

Хрватската претседателка најави дека ќе ги одликува сребрените фудбалери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This