КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Мафија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некогаш шарените зборуваа за режим, за медиумски мрак, наводно тие тогаш објективно биле загрижени за развојот на држата. За денешново медиумско црнило немаа што да кажат. Го допираме дното на новинарството.

Откако во петокот со затвореници, буквално со затвореници ја изгласаа потребата за промена на Уставот, денеска СДСМ-овската пропаганда е пуштена во афирмација на предавниците од црниот петок. Интересно е да се напомене дека не прават при очи будали, па воопшто и не ги прашуваат за кривичните пријави, за затворските казни.

Замислете Елизабета Канческа Милевска, дури толку многу ја подготвиле од СДСМ што ги афирмира ставовите на СДСМ (заедништво, помирување, стратешки интереси, отварање дебата итн). Како да го слушаш половина СДСМ, па дури ја прашуваат дали и било нудено пари? Таа категорично ја отфрла тезата дека и биле понудини пари. Како да сака да каже, колку добар бил СДСМ. Е мори Бетке, Бетке да не случајно сакаш покрај неутрализирањето на кривичните пријави дури и пари да ти дадат. Таа кутрата мисли само како задникот да го спаси, а никому ни на крај памет не ми паднало уште и пари да и даваат за тоа. Се плашам на крајот да не биде обратно место да и дадат, таа да дава пари.

На друга пак телевизија, Нора Исмаиловска – Старова ја објаснува потребата од влез во НАТО и ЕУ, зборува за нашите меѓународни пријатели, за перспективите. Веднаш ја сменила плочата, сега пее по СДСМ-овски ноти. Навистина е поразително што новинарот што ја водеше емисијата ниту еднаш не најде засходно да ја праша, има ли некаква врска, по мене неправедно осудениот Сеад Кочан на четири години затвор и обврска да врати 17 милиони евра во буџетот на РМ со нејзината одлука. Цела држава ова го знае, но новинарката додевска очигледно не ги слушнала гласините.

Навистина е чудно како наеднаш се освестија за потребата од промена на Уставот, токму пратениците кои се под затворска закана, а дел од нив дента или претходниот ден пуштени наменски за ова гласање. Дали јавноста знае дека СЈО во петокот наутро (пред гласањето) поднело жалба за пресудата со која синот на Владанка Аворовиќ е осуден на три години, а со оваа жалба се бара зголемување на затворската казна на седум години. Очигледно жалбата на СЈО дејствувала просветителски врз пратеничката Авировиќ, пратеникот Рамчиловиќ и Нора Смаиловска- Старова, сите животно заинтересирани за случајот Сеад Кочан и осудените заедно со него.

Битно е дека Уставот ќе се менува со осудени за стопански криминал, со притвореници за тероризам и други уценети пратеници.

Најголема придобивка од црниот петок е што судството се разголи до крај. И на најглупиот граѓанин на Република Македонија му стана јасно дека Македонија нема поделеност меѓу законодавната, извршната и судската власт. Ние имаме само Извршна власт која командува со се, а обвинителството и судството се вмешани во гангстерско-мафијашки монтировки од неаполски размери.

На СДСМ-овските новинарски мегафони ништо од ова не им смета. Нив повторно им смета ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија им сметаше додека беше на власт и што е најинтересно сега повторно за се им е криво ВМРО-ДПМНЕ. Се поставува прашање, имаат ли овие медиумски слуги барем една реченица критика за владеењето на СДСМ, очигледно не, но народот не е глупав, тој на референдумот на СДСМ и неговите мегафони им даде жолт картон. Ќе видат народот што мисли на изборите.

P.S.

Ниеден режимски новинар не зборува за полнетите кутии во делови каде што живее доминантно албанско население, ниту пак му поставува било какво прашање на петчлениот обвинителски тим на чело со Џелал Бајрами.

За режимските новинари целта ги оправдува средствата. Жедта за власт го оправдува полнењето кутии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This