КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Фијаско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американски новинар правел интервју со Слободан Милошевиќ. При крајот на разговорот му поставил едно интересно прашање: „Која је разлика кад сте били бирани за претседника Србије у социјализму, и сада и вишепартиски систем?“ – Милошевиќ како топ одговара: „Онда нисам знао, ал сам сад сигуран да ме народ воли.“

На Заев ако не му беше јасно до вчера „дали га народ воли“, од вчера му е јасно како ден. На глупаво организираните прослави, му дојдоа од 3.000-5.000 луѓе. Внимавајте добро, тоа се прослави во 15 градови. За разлика од него, во исто време опозицијата прави протести секоја недела во различни градови и на секој протест присуствуваат од 3.000-5.000 луѓе. Вчера, Заев се закопа до даска. Не им беше малку во фијаското да бидат сами, па го вовлекоа и нивниот ментор Бејли. Ако во 15 градови не можеш да собереш 3.000 луѓе, а опозицијата во секој град ти собира по 5.000, јасно е каде е силата. Очигледно лагите на Заев не поминуваат кај народот.

Народот го прочита. Не помага ни пропагандата од Телма и 24Вести и останати сателити. Како народот ќе си ги зема работите во своите раце, така ќе стивнуваат и оние соросови, усаидни и останати невладини платени апологети ќе почнат да пејат за скала пониско во секоја наредна дебатна емисија, а како времето ќе одминува се повеќе ќе стивнуваат.

Мицкоски ова мора да го искористи и да уште повеќе да ја зголеми масовноста на протестите, и да ги седне на преговарачка маса. Не Заев, туку странците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This