Колумна на Љупчо Палевски: Kapпaлak

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа недела, повторно и повторно со пцуење и лицемерие, тажно се одбележа КАРПАЛАК, настан кој нај добро го покажува Македонскиот дефект, а тоа е предавството.

Загинаа недолжни, загинаа државни, загинаа Македонци кои си ја сакаа државата, кои ја бранеа, но за да не биде за бадијала нивната смрт, да не остане само како причина секоја година за партиски препукувања и евтини морбидни поени собирање пред слепата заслепената јавност, мора да се раскаже едно ново сведоштво за КАРПАЛАК.

Ова сведоштво е пишано уште 2003 година, веднаш, поточно брзо после трагедијата, после бруталниот тероризам направен против Македонија.

На почетокот, почитувани мои Македонци треба да се постави едно просто, едноставно, но суштинско прашање, а тоа е следното: Зошто Охридскиот рамковен договор, носи име Охридски, а истиот е потпишан во Скопје, во резиденцијата на тогашниот претседател Трајковски, од страна на Георгиевски, Црвенковски, Џафери и Имер Имери, ДПМНЕ,СДС, ДПА и ПДП како и двајца меѓународни.

Зошто ОХРИДСКИ договор, а свеченои потпишан во Скопје, просто, а толку сложено, не одговорено, а има директна врска со жртвите на КАРПАЛАК.

Самиот договор, се квачеше, се пазареше во Охрид во претседателската вила парк, сите денешни квази интелектуалци на чело со Фрчковски и Владо Поповски логистицираа на погоре напишаните политички лидери околу изготвување на договорот, а како претставник на тогашните терористи УЧК на чело со Ахмети беше целокупното раководство на ПДП, другата ДПА не беше омилена меѓу терористите, чобанине денес што ДУИ се нарекуваат.

Цел еден месец го квачеа, маткаа тоа лето 2001 година, разместени во хотелот Парк во Горица во Охрид, додека сеансите беа во претседателската вила во непосредна близина, во резиденцијата на Трајковски.

Планирано беше негово потпишување исто така кај Трајковски во резиденција , но во Охрид, каде беше и составен договорот, на ден 8 Август таа 2001 година, но не се случи, се случи КАРПАЛАК, се случи тероризам во Македонија, договорот тој ден не се потпиша.

За да се одговори на поставеното прашање на почетокот на ова мое писание, потребно е да се раскаже едно сосема друго случување, далеку од преговарачите, случување во Скопје, неколку денови пред КАРПАЛАК.

Село Арачиново со терористите внатре беше сериозна закана за Скопје, за општа војна, од денешна дистанца можебо требаше да се случи, не знам, но да се вратам на историјата, на настаните, на вистината.

Една група, на професионалци, која не требаше Америкаците кои подоцна ги евакуираа терористите од селото да ги видат, евидентираат и во БондСтил да ги однесат, се извлече од селото, на чело со Командантот Тели, Албански државјанин, искусен платеник од Албанија кој имаше главна улога и во Косовското УЧК. Целата терористичка група со странски државјани, платеници беше сместена во Чаир, на улица Дижонска во една скромна трошна куќа со планови за преоѓање во Полог, во Тетово и околината.

МВР имаше податоци за групата и тогашниот Министер индијанец, сестрата Љубе Бошковски, наместо истите да ги зароби, и суди пред јавноста, во Македонскиве судови, сосема спротивно на тоа МВР направи акција и сите беа на спиење убиени, без ниту еден повреден припадник на МВР. Тоа беше објавено на сите релевантни Македонски телевии, медиуми. Дали се убиени или евакуирани, никој ниту направи истрага, ниту па буква за тоа се напиша.

Ниту на крај памет ми беше дека таа акција на улица Дижонска е катализатор кај Албанциве, дека постои големо незадоволство за смрта на Командантот Тели, тоа го дознав многу подоцна, настанот помина не забележано.

Само после 2 дена од настанот со Тели, се случи Карпалак, се случи убивање, палење на мртви војници, претходно посипани со нафта, мрцварење и изживување на веќе мртви војници. Еден од автобусите полни со војници, изрешетан со ранети војници и запалени гуми, продолжил по патот и се извлекол, се дотркалал скоро до Желино, на само 7 километри од Карпалак каде беа сместени Германските НАТО војници, кои со прст не мрднаа, не бранеа, не помогнаа, а беа дојдени во мисијата Фокс, за разоружување на УЧК.

Во СТАРТ се објавив, постои документација, а се случило следното. Нај одговорни актери за Карпалак се Љубе Бошковски, министер во МВР, Сокол Митревски, тогаш актуелен командан на одбрана на Скопје и Скопската воена област, Илија Николовски командантот на Прилепскиот гарнизон , корпус или што и да е како формација кој ги пратил војниците. Не сакајќи да го одбранам Бучковски тогашниот Министер за одбрана, кој има свое разузнавање, ВОЕНО, морал да знае што му прават дилетантите во тогашниот Генерал штаб на армијата, Бучковски е четвртиот одговорен за КАРПАЛАК.

Во 2003 година, кај мене на работа дотрча Бранко Сопаловски началникот на ОВР Карпош, блед исплашен, ми кажа. Слушај Палчо, Вие во СТАРТ (политички неделник) не сте нормални, но Ви верувам, земи ги документите, прочитај ги, мене ќе ме менуваат, можеби и ќе ме затворат, да ја знаете вистината и замина чоекот, ни кафе не се напи, ме извади од памет, што ми остави…

Купот документи беше извештаи од ОВР Карпош до тогашниот оперативен штаб на МВР со име “РАМНО“ во кои децидно прочитав.

Неколку денови пред настанот , пред 8 Август, патничко возило фијат УНО со тетовски регистерски таблици било изрешетано, за среќа нема повредени од кота таа и таа, со оружје тоа и тоа, направен записник се по ПС, како што треба. Подоцна уште неколку извештаи за напади на патнички возила со точни коти и утврдени позиции на терористите на истото место, на КАРПАЛАК, а сето тоа, неколкукуте извештаи сите се пратени до МВР до штабот РАМНО, од страна на ОВР Карпош.

Но најважен извештај пратен до штабот, беше извештајот во кој беше опишан обидот на ОВР Карпош да направи увид на посоченото место од каде се пукало по патничките возила, кога 4 полицајци, вкључително и началникот Сопаловски со слижбен голф биле нападнати на сред Карпалк.

Избегале, пешки, голфот е оставен, терористите си го собрале, го тргнале, па така се уредно запишано и тоа се наоѓало во проклетиот предавнички штаб “РАМНО“ на МВР, сето тоа некој во фиока го закључил, штамааа се си продолжило како ништо да не било…

Доаѓа денот 8 Август, децава во прилепскава касарна, спремни, во камиони, надвор од секој стандард заедно со муниција и експлозиви седнати во исти камиони, чекаат, чудно чекаат два саати, се чека нешто, се касни, не се поаѓа. Командантот е Илија Николовски стар полковник од ЈНА, во АРМ станал Генерал, кариерист класичен добро познат на Генералот Ружиновски од ЈНА но и на редакцијата на СТАРТ, како туѓ кодош за кого поседуваме и докази. Илија ги пушти децата конечно на пат, без пратња и обезбедување, напупени камиони со курбани.

Сокол Митревски, пак како бивш аѓутант на Киро Глигоров, француска разузнавачка позиција во АРМ тогаш, 2001 година беше командант на Скопската воена област директно задолжен за обезбедување на траекторијата на воениот конвој, на патот кон Тетово. Нема никаква извидница, нема никава разузнавачка активност од военото разузнавање за што е одговорен Бучковски, па така овие двајца се директно одговорни затоа што масакрот и тероризмот се случени на територија каде се директно ОДГОВОРНИ, по командна одговорност, посебно Митревски, затоа што со Армијата командува ГенералШтабот и претседателот, но Бучковски под себе го има военото разузнавање кое морало да знае, без разлика што предавникот Бошковски сите извештаи во МВР ги ставил во фиока, бил класичен соучесник.

За жал, во извештаите постојат напишани и точни коти на дејствување, но истите останаа во фиоките, децава ги изгубивме, загинаа.

Веднаш потоа, по смената на власта која дојде во 2002 година, Сокол Митревски сите знаете имаше васионска кариера заедно со ДПМНЕ како Градоначалник на Ѓорче Петров, Илија Николовски БЦ го награди и го постави за амбасадор во НАТО, Брисел, Бучковски дотурка до премиер и претседател на СДС, а Љубе будалетината сите знаете како заврши, како куртон.

Директни извршители и нај одговорен за масакрот е Емруш Сума, клошар од Генерал Јанковиќ, денешен Елесан или слично, завршил средно верско училиште ОЏА, со припадници на УЧК од Радуша, инаку Емруш е и член на ДУИ долго време имаше цела своја банда па со мотори се курчеа низ Мала Речица, преторијанска гарда на Али Ахмети глумеа, нешто како Беќир Асани за Скопје, само овие ептен шабани, бизнис не правеа, чист рекет, убиства и дрога цепаа.

Ова е причината зошто Охридскиот рамковен договор не е потпишан во Охрид, туку во Скопје… тероризмот на КАРПАЛАК, требаше да произведе општа војна, многу жртви и уште тогаш да завршат со Македонија, но се исплашија, работата ја одложија….
Камаради, браќа и сестри, сметав дека ова е потребно да се напише, за да знаеме, да си повториме, дека безбедносниот систем е основа за силен СУВЕРЕНИЗАМ, за силна држава. Не се сите Македонци кои говорат Македонски јазик, запомнете…СИСТЕМОТ е трул, СИСТЕМОТ треба да се руши, ама со луѓе кои земаат плата од СИСТЕМОТ не го рушите туку во затвор ќе завршите.

Затоа, наместо со пцуење лајкови да собирате, наместо со поза и сликичиња за Македонија да се борите, не, застанете, почнете да учите, за Македонија да учите, за себе, за да се борите и изборите, да победиме сите и ние старите но пред се Вие младите, без вас ништо, ќе ја нема Македонија, само уште Вие ни останавте, Вие сте надежта…СПАСОТ. Јас Ви верувам…

#Палчо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This