КОЈО: Заминувам од Србија, ние сме бeдници кои живеат по правилата на политичарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот српски актер, Никола Којо, ја шокираше јавноста кога рече дека има намера наскоро да ја напушти Србија.

Тој го изјавил ова за порталот Klix.ba, објаснувајќи дека на овдешните простори досега го задржувале корените, пријателите, семејството и роднините. Како што навел, тој ќе го стори тоа и покрај тоа што имал 52 години, но не можел да зборува за дестинацијата.

– Ќе ви откријам дека се подготвувам да се отселам одовде, иако имам 52 години и сè уште не можам да зборувам за дестинацијата. Не мислам да ја поминам староста овде, ниту моите деца да растат во една ваква црна дупка што ги голта своите луѓе. Причината е сето ова лудило, односно беззаконие, анархија, сето ова што го зборуваме за политичарите што ни земаат од чиниите, велејќи дека тие создаваат нешто за нас – рекол Којо.

Српскиот актер наведува и дека е роден „во онаа голема Југославија и себеси се смета, не за Југословен, туку за космополит“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This