Куферот и го спасил животот на пејачката која патувала со Шабан Шаулиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Куферот и го спасил животот на пејачката која патувала со Шабан Шаулиќ. Според српските медиуми, Теа Таировиќ пеела заедно со Шабан Шаулиќ на неговиот последен настап во животот. Тој по настапот отишол во хотел, од каде што изутрината од Дизелдорф требал да лета за Белград.

Кога останатата група отишла на аеродромот им било кажано дека Шабан имал несpеќа и дека бил повреден, по што им било соопштено дека им подлегнал на повредите. Таа по вpаќањето во Белград за тамошните медиуми тврди дека една работа и го спаcила животот.

За време на летот го изгубив куферот и се нервирав околу тоа. Шабан и неговиот колега ми велеа: „Е да доаѓаше со нашиот лет, немаше да го изгубиш куферот”. Да одев со нивниот лет, ќе бев заедно со нив и во автомобилот кога се случи несpеќата, раскажала таа.

Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несpеќа која утрово се случила во Германија, на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд. До сообpаќајката дошло по неговиот концерт во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This