Лeгeндa: Бepберот Aли пpoдаде БMB X5 зa дa им кyпи xpaна нa глaднитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приказната на Февзи Али, Турчин што живее во Македонија, а работел во Виена, ги спојува трагедијата и среќата во едно. На овој човек животот и тука и таму му покажал дека мигот го менува живот, во првиот случај на лошо, а во вториот на добро, објави МКД.мк

До 2009 година Али живеел скромно и работел како бербер продолжувајќи го семејниот бизнис на својот татко во берберницата во Скопје. Воопшто не ни помислувал дека можеби еден ден ќе заработува доста посолидно. Заминал во Виена на гости кај братучед, а токму таа посета му ја отворила вратата на неговиот успех.

Она што газдата на берберницата го натерало да му понуди да остане да работи се парите, односно прометот што успевал да го направи и, како што вели, поради квалитетното работење, но и поради тоа што умее да зборува неколку јазици.

Од мај, 2009 до ноември, 2019 година работел во Виена, а кратко во земјава се вратил во 2014 година. Пожарот што за малку за него ќе завршел кобно, му донел огромна промена во животот и тогаш Али се заколнал дека кога ќе се оправи и ќе застане на нозе, ќе им помага на луѓето и наместо да ги чува парите, ќе ги вложува за некого да го направи среќен.

„Сум им дал многу пари на луѓе и воопшто не жалам за тоа. Периодот со короната најмногу го искористив за тоа, бидејќи во овој период има многу луѓе што останаа без работа и без приходи. Приоритет имаат самохраните мајки. Во Македонија пак се вратив во 2018 година за свадбата на брат ми и сега пак пред Нова година.

Али раскажува дека кога овде повторно почнал да работи во семејниот фризерски салон, најмногу го изненадила, но и разочарала, поделеноста меѓу луѓето, како и нивните тажни судбини.

„Многу тажни судбини и сиромашен народ има овде во Македонија. Многу социјални случаи има. Кога ќе потстрижев некој, знаеле да ми кажат ‘Али, немам пари да ти платам, не сум платил ниту струја’. И така почнав да помагам, а воедно да го реализирам тоа што го ветив. Јас сум човек од збор. Почнав да им помагам на 3 семејства. Почнав да објавувам на Фејсбук за мојата мала и скромна мисија. Стасуваа пофалби, но и барања за поголема помош и така ја отворив страницата за хуманост ‘Биди Али’“, додава Али.

Според неговата пресметка, тој до сега за 8 месеци во својата хуманитарна мисија потрошил околу 12.000 евра. За да може да им помогне на сите што му побарале помош, вели, пред неколку месеци за осум и пол илјади евра го продал едниот џип БМВ Х5 и сите ги дал за да помогне.

Извор: МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This