March 29, 2024, 11:28 am

Лекува се’ од глава до пети: ова е најдобриот народен лек кој на сите им е достапен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тегавецот е една од најсестраните и најдостапните лековити билки. Женскиот тегавец-Plantago major и машкиот тегавец Plantago lanceolata имаат речиси исто лековито дејство кое е познато уште многу одамна. Оваа билка во медицински цели ја користеле древните грчки и кинески доктори, а во средновековните книги е запишана како многу ценета билка која се препорачувала за лекување на 20 различни бо лести.

1.ПРОТИВ АКНИ И МИТЕСЕРИ

15-20 г свежо исцеден сок од тегавец помешајте со 10-15 г масен крем и додадете неколку капки ружино масло и лажичка маст од невен, па добро соединете. Се користи за лекување на гнојни акни и митисери.

2.ПРОТИВ КАМЕН ВО ЖОЛЧКА

Семе од тегавец се користи и за уништување на паразити, амеби и глисти. Се препорачува како лаксатив, особено за деца, кај воспалителни состојби на слузницата. Дневно консумирање на 8 г семе спречува создавање на жолчен камен.

3.СВЕЖ СОК

Потребни ви се 500 г свежи листови од тегавец. Сокот е најлесно да се приготви во соковник или добро да се обработи со рачен миксер, па да се процеди низ газа. Неколку пати на ден испијте по лажица сок од тегавец помешана со половина лажица топла вода. Се користи за поттикнување на метаболизмот и за чистење на организмот, а корисен е при болести на белите дробови, па дури и туберколоза.

4.МЕШАВИНА ПРОТИВ ГРИП

Помешајте 30 г листови од тегавец, 30 г иглички од смрека, 20 г листови подбел и 20 г од билката ден-ноќ. За чај се користи 2 мали лажички од мешавината прелиени со 250 мл врела вода. Оставете да отстои 10 минути па процедете и засладете со мед или додадете сок од бозел или вишни.

5.ИНФЕКЦИИ НА НЕПЦАТА И ЗАБИТЕ

Тегавецот е одличен за брзо лекување на рани на лицето и во усната шуплина. Спречува гноење и го забрзува исцелувањето, што се должи на една состојка што ја содржи, аукубин. Соџвакани листови од тегавец и поставени како облога на заб и непце може да спречи инфекција на забот во рана фаза.

6.ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ

Тегавецот добро го поднесуваат мачките и кучињата, па така со силен чај можете да им ги испирате раните. Ако животното не го лиже повреденото подрачје, може да користите и маст, но пожелно е ставите елизабетски околувратник.

7.ТЕГОБИ СО КОЖАТА

Популарна е употребата на тегавец кај сите видови кожни заболувања, како што се рано, чиреви, исеченици, посекотини, модринки, подливи, изгореници, жуљеви, отоци, заноктици, убоди од инсекти и разни кожни тегоби…измијте свеж лист и направете каша од него па нанесете го на болното место.

8.ИЗГОРЕНИЦИ

Откако ќе се измиете со ладна вода, ставете врз изгореницата лист од тегавец кој ќе го фиксирате со фластер.

9.БРЗ СИРУП

Потребни се 4 шаки свеж тегавец, 300 г шеќер и 250 г мед. Измиените листови од тегавец сомелете ги на машина за мелење месо, долејте малку вода, шеќер и мед па полека загревајте за лесно да зоврие. Непрекинато мешајте додека да се добие густ сируп. Врелиот сируп складирајте го во теглички и чувајте го во фрижидер. Кај кашлици и бронхитис неколку пати на ден по една лажица.

10.МАСКА ЗА ЛИЦЕ

На газа исечете дупки за уста, очи и нос. Листовите од млад тегавец сомелете ги и прелијте ги со врела вода, во однос 1:3. Водата повторно нека зоврие 3 минути. Натопете ја газата во изладената течност и оставете да делува на лицето околу 15 минути. Потоа исплакнете.

11.ЧАЈ ОД ТЕГАВЕЦ

Исечкани листови од тегавец, 2 лажички, прелијте со шолја врела вода и оставете 10 минути. Процедете и засладете со мед. Чајот има пријатен мирис и вкус, па погоден е за деца. Пијте по 2-3 шолји на ден.

12.ЧАЈ ПРОТИВ КАШЛИЦА

Измешајте 25 г листови тегавец, 25 г листови подбел, 25 г листови жалфија и 25 г корен од оман. За чај две лажички од мешавината прелијте со 250 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете. Пијте од 2 до 3 шолји на ден секогаш свежо подготвен чај.

13.СОК ОД МЕШАНИ БИЛКИ

Приготвите 200 г лист од тегавец, 100 г коприва, 100 г цветови од глуварче и 100 г цвет од ајдучка трева. Сите билки добро изгмечете ги, истиснете низ чиста крпа, процедете (или во соковник), потоа проварете со вадење на пената која се собира на површината. На сокот се додаваат 2 лажици мед, па повторно се вари додека да се згусне. Кога ќе излади се складира во чисти шишиња, а на секое шише се додава по мала чашка ракија. Пред употреба сокот се меша со вода 1:1.

14.МЕДЕН ЕЛИКСИР

Половина килограм свежи и добро измиени листови од тегавец сомелете ги во машина за мелење месо или во блендер. Сомелените листови заедно со сокот кој истекол при мелењето, помешајте со килограм мед и 50 г иситната смола од прополис. Добро промешајте и оставете да отстои три дена со повремено мешање со дрвена или пластична лажица. Консумирање: три пати дневно по една лажичка, 10-тина минути пред оброк. Овој еликсир им се препорачува на сите кои патат од болести на дишните патишта, бронхитис и воспаление на белите дробови. Корисен е за пушачи и за сите кои сакааат да си ги прочистат дишните патишта. Додека го консумирате овој еликсир, секој ден испијте по шолја чај од оман и мајчина душичка.

15.БОНБОНИ ПРОТИВ КАШЛИЦА

Приготвите 200 листови тегавец, 500 мл вода, 500 г шеќер, 25 г гроздов шеќер, 20 г путер, лажица масло и лажичка мелено семе од анасон (коморач). Свежите листови исечкајте ги, прелијте ги со вода, ставете на тивок оган да зоврие и варете 30 минути. Течноста процедете ја, а листовите добро истискајте ги. Додадете шеќер, путер и анасон па лесно гответе уште 20-тина минути додека да добиете густ сируп. Плехот за печење обложете го со масна хартија, премачкајте со масло и излејте го сирупот. Оставете делумно да зацврсти па исечкајте го на парчиња со величина на бонбони.

16.СИРУП ПРОТИВ КАШЛИЦА

Свежо набрани листови тегавец ставете ги во стаклен сад во 5 см дебел, благо потиснати слоеви. Секој слој наросете го со шеќер. Садот прекријте го со газа и оставете го на сонце. Оставете 4-6 седмици на сончево место. Процедете и складирајте во чиста тегла. Пијте неколку пати на ден по лажичка. Добро е и за деца.

17.МАСЛО ОД ТЕГАВЕЦ

Стерилизирана тегла наполнете со сечкани листови од тегавец и прелијте со маслиново масло, да се прекријат листовите. Еднаш дневно протресувајте ја теглата. После две седмици процедете. Можете да го користите самостојно или како основа за други мешавини.

18.АЛКОХОЛНА ТИНКТУРА

Постапете исто како со маслото, но наместо масло користете водка. Препорачана доза за тинктура е од 15 до 20 капки трипати на ден.

19.ЧАЈ ПРОТИВ ТЕШКИ БОЛЕСТИ

Кога официјалната медици е немоќна или луѓето едноставно сакаат да се лечат на природен начин, тогаш овој чај одлично ќе им дојде. Чајот секако не е само за болни луѓе, може да се пие и превентивно. Приготвување: измешајте лист од бреза, ајдучка трева, тегавец и лист од коприва. Една шака од мешавината се потопува во 200 мл зовриена вода и се остава два часа да отстои. Кога ќе се процеди, спремен е за консумација. Мешавината чувајте ја во стаклен сад.

20.ПРОЛЕТНА САЛАТА

Тегавецот е здрав додаток на салатите. Во исхраната најдобро е да се корисат меките пролетни листови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This