ЛЕПЕНКИТЕ НА ВОЗИЛАТА ПОМИНАА НА КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА: Пратениците од опозицијата велат дека Законот е дискриминарчки и нема да ги реши проблемите на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со шест гласа ЗА помина првата фаза од предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила во собраниската комисија за економија. Опозицијата контра власта, мерките за налепници за возилата се непрактични и се дефокус на јавноста, бидејќи владата нема решенија на актуелниот проблем со загадувањето.

Пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека предлогот за воведување налепници на возилата не е во насока на решение на проблемот , бидејќи како што рече најголем број од возилата во Македонија се постари од десет години.

Тој истакна и дека субвенционирањето на хибридните возила, според него е мерка за богаташи, бидејќи просечниот граганин нема доволно пари за да купи возило од над 20 000 евра, па затоа субвенииите од 5 000 евра за ваквите автомобили е замачкување на очите на јавноста.

Од власта пак велат предлог законот е добар, налепниците се добро решение за почеток на решавање на проблемот. Државниот секретар од министерството за економија, Зоран Павловски, го образложи законот и неговите позитивни страни.

По стапувањето на законот на сила, со зелена налепница, за 1 еколошка категорија, ќе се означуваат возилата со стандарди Евро 5 и Евро 6, како и возилата со Евро 4 на кои е вграден уред за течен нафтен гас или компримиран земјен гас, како и електричните и хибридните возила. При енормно зголемување на загадувањето на воздухот во градовите, тие возила ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони, според одлуките на општините и Град Скопје.

Втората еколошка категорија,со жолта налепница, ќе ја сочинуваат возилата со стандарди Евро 3 и Евро 4, како и возилата со Евро 2 на кои е вграден уред за течен нафтен гас или компримиран земјен гас. За тие возила при зголемено загадување ќе има ограничување на движењето, според одлуките на општините и градот Скопје.

Во третата, најниската категорија, која ќе се означува со црвена налепница, ќе бидат возилата со Евро 2 или Евро 1 стандард, или без таков стандард. За нив ќе биде забрането сообраќањето во периоди на загадување на воздухот.

Правилниците и одредбите ќе се донесуваат од општините и Град Скопје по донесувањето на законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This