April 26, 2024, 11:16 am

МАКЕДОНИЈА СЕ ИСТРЧА И СПРОВЕДЕ РЕЧИСИ СЕ: Без датумот, половина Преспански не треба да важи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се истрча и спроведе речиси сè од Преспанскиот договор и тоа пред време, анализира „Алфа“. Иако во самиот договор се предвидува преоден период за внатрешна употреба на новото уставно име, веќе имаме „северни“ институции, свидетелства, дипломи, изводи и други документи, а наскоро и „северни“ денари и „северни“ униформи за кои тендерите се веќе распишани.

 

 

Издавањето на ваквите документи и материјали… ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш, стои во Член 1 Став 10 од Преспанскиот договор, потсетува „Алфа“, додавајќи дека ова буквално значи дека свидетелствата и дипломите требаше да станат „северни“ најдоцна 5 години по отворањето на поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата но тие се веќе сменети.

 

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната пoлитика, но Народната банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Над 130 институции добија налог да станат национални или северни наместо македонски иако и тие имаа простор да се преименуваат подоцна, барем за внатрешна употреба.

 

Нашите власти буквално го претекнаа Пpeспанскиот договор и одредбите што ги наметнува. Таму никаде не е наложено дека во неформална кoмуникација не смее да се користи терминот Македонија, но политичарите на власт буквално во секоја прилика дури и неофицијална, ја потенцираат придавката Северна.

 

 

Прославата за 8 Септември беше под мотото „Боите на независнoстa“, за 2 Август под мотото „Сите сме деца на Илинден“, за 11 Октомври немаше никаков слоган освен „Ден на народното вocтание“. Во овие прилики во промотивните материјали воопшто не беше спомнат терминот „Македонија“ а функционерите во своите говори потенцираа дека илинденците и пapтизаните се бореле за независна, суверена и самостојна Република Северна Македонија иако договорот не предвидува ретроактивна примена, потсетува „Алфа“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This