МАКЕДОНСКИ МОДЕЛ ВО ЦРНА ГОРА: Дамјановиќ со писмо до Вархеји бара ЕУ да ја реши kpизaтa како во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија (ЕУ) треба да се вклучи во решавањето на политичката криза во Црна Гора, како што посредуваше во решавањето на кризата во С Македонија, бара независниот пратеник Александар Дамјановиќ.

Опозиционерот од редовите на Социјалистичката народна партија во писмото до комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, напиша дека неговата неодамнешна посета на Црна Гора е многу значајна, особено со оглед дека тој неодамна беше назначен за високо одговорно место како Европскиот комесар за проширување, пренесува „Вијести“.

„Верувам дека вашата посета покажа дека сте многу запознаени со сериозноста на политичката состојба во Црна Гора, или, можам слободно да кажам, политичката криза во мојата земја, која е длабоко во процес на преговори за членство во ЕУ“, рече Дамјановиќ во писмото до Вархеји .

Дамјановиќ вели дека усвојувањето на Законот за слобода на религија ги загрозува правата на канонската православна црква во Црна Гора, односно стотици илјади верници во Црна Гора.

Тој исто така посочи дека дел од членовите на Судскиот совет сè уште не се избрани, дека Врховниот државен обвинител, претседателите на Државната изборна комисија, Уставниот суд и Агенцијата за борба против корупцијата не се избрани.

Дамјановиќ рече дека иако е изборна година, не е усвоен нов закон за избори во согласност со препораките на ОБСЕ.

Тој рече дека сите овие проблеми со кои се соочува Црна Гора го забавуваат процесот на преговори со ЕУ.

Дамјановиќ рече дека ги почитува сите обврски и одговорности што ги има Вархеји, но дека е неопходно еврокомесарот да продолжи да ги следи настаните што се случуваат во Црна Гора

„Исто така, има потреба од поактивно вклучување на ЕУ во надминување на оваа политичка криза во Црна Гора, на начин на кој Унијата посредуваше во решавањето на кризата во С Македонија“, пишува Дамјановиќ.

Во меѓувреме тој не се сретнал со Вархеји при неговата неодамнешна посета на Црна Гора, но очекува предлози од Брисел.

„Останувам отворен за понатамошна комуникација и какви било предлози. Мислам дека заедно можеме да сториме сè за Црна Гора да се опорави од длабоката политичка и социјална криза “, рече Дамјановиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This