МАНЧЕВСКИ ПАРИЧНО ЌЕ ГИ МОТИВИРА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ДА ЗАМИНАТ ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Според него платите во администрацијата повеќе не се атрактивни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата со опремнина ќе се обиде да ја убеди јавната администрацијата да замине во приватен сектор. На оние вработени кои по своја волја ќе сакаат да го напуштат јавниот сектор ќе им биде понудена атрактивна опремнина, пишува „Алсат М“.

 

 

 

 

Властите не открија колкава ќе биде понудата за некој да ја напушти државната работа. Покрај опремнина ќе има уште четири други понуди и тоа:

-трансфер на вработените од јавен во приватен, под услов приватната фирма да понуди повисока плата, а придонесите да ги плаќа држава во одреден временски период.

-Преквалификација согласно односно она што е потреба на пазарот на труд во приватниот сектор со што државата ќе ја плаќа преквалификацијата.

-Превалификација за внатрешни потреби, односно кадри кој недостигаат во самата администрација

– и јавно приватно партнерство

Мотивацијата за административците да си заминат, министерот Дамјан Манчевски ја гледа во повисоките плати кој ги нуди приватниот сектор.

„Впечатокот е таков дека во јавниот сектор е загарантирано и дека сите што ќе влезат тука остануваат. Ние во јавната администрација еве и во нашето министерство секојдневно се соочуваме со проблемот на луѓе што си одат. Реално платите веќе не се толку атрактивни како што беа порано, во однос на приватниот, платите во приватниот сектор растат и луѓето се решаваат и своеволно напуштат без ништо.“

Во моментов има околу 130 илајди вработени под државна капа. За тоа колку од нив се вишок сеуште нема одговор од надлежните. Првата анализа за тоа како ќе се врши реорганизацијата на администрацијата, Манчевски ја најави за следниот месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This