МВР ИМ ДЕЛИ ВОДА НА ГРАЃАНИТЕ: Се чека и до четири часа за влез во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три до четири часа се чека за влез во Грција поради бавно обавување на граничните формалности на грчка страна, а меѓуграничнот простор речиси е споен со возила од македонска страна.

МВР соопшти дека во делот на Република C Македонија нема застој и поминувањето на границата е без пpoблеми, но се создава застој на грчка страна.

Возила со туристи наидуваат во бранови, но тие за десетина минути по обавување на задолжителните царински и полициски формалности се пропуштаат, така што подолги задржувања на наша страна не се забележани за влез во Грција.

На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор, додава МВР.

И од дежypната служба на граничниот премин Богородица велат дека на македонска страна нема застој, и е регистрирана вообичаена зголемена сообраќајна фреквенција и оти од спротивната страна на границата грчките колеги побавно ги обавуваат своите должности од за нив непознати причини. Поради тоа возилата за влез во Грција се задржуваат, чекаат од три до четири часа во меѓуграничнот простор кој речиси е споен со возила со македонската страна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This