April 18, 2024, 11:29 pm

Милијардерот призна: Поради оваа животна гpешка уништив сè

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата грешка која Бил Гејтс, основачот на “Microsoft” ја направил, било давањето можност на “Google” да ја креира “Android” – стандардната платформа која не му припаѓа на “Apple”.

Тој тоа го признал на настан организиран од компанијата “Village Global”, која ја поддржува.

“Во светот на софтверот, посебно кога станува збор за платформите, тоа е пазар во кој победникот носи сè”, рекол Гејтс на настанот.

Открил дека најголемата грешка било лошото раководство, кое довело до тоа “Microsoft” да не биде тоа што е “Android”.

“Беше природно “Microsoft” да победи во тоа. Постои простор за само еден оперативен систем кој не е на “Apple” и колку вреди тоа? 400 милијарди кои би завршиле кај компанијата “M” наместо кај компанијата “G””, рекол Гејтс.

“Google” го купил “Android Inc” за најмалку 50 милиони долари во 2007-ма година и најавил нов мобилен систем кој овозможува пристап на интернет за повеќе луѓе, пренесува “Fox Business”.

Гејтс вели дека дозволата “Google” да дојде до таа можност со “Android” е една од најголемите грешки на сите времиња, но и покрај тоа, смета дека “Microsoft” е многу моќен.

“Ние сме водечка компанија. Да не погрешивме таму, ќе бевме најголема компанија. Но, добро”, заклучил тој.

Инаку, Гејтс е вториот најбогат човек на светот – зад Џеф Безос, основачот на Амазон, со нето вредност од 102,9 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This