April 24, 2024, 11:44 am

МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ НА СРЕДБА СО АЛБАНСКИОТ КОЛЕГА: Проектот т.н. „One stop control“ во завршна фаза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Поградец, Република Албанија, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Албанија Сандер Лешај.

Министерот Лешај го поздрави постигнатиот политички договор со одобрувањето на договорот од Преспа во македонскиот парламент, со кој се отвора патот на Македонија кон интеграција во НАТО и ЕУ.

Двајцата министри ја потенцираа одличната соработка меѓу полициите на двете земји, особено меѓу граничните полиции. На средбата стана збор и за воведувањето на заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан-Ќафтане, што ќе овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства. Ваков проект т.н. „One stop control“ е во завршна фаза пред имплеметација со Република Србија, на граничниот премин Табановце- Прешево, а од примерите во земјите каде веќе функционира евидентно е дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси. Ваков проект Албанија веќе има воспоставено со Црна Гора и со Косово. Министрите Спасовски и Лешај се договорија да се преземат неопходните активности за овој проект да биде завршен до 1 април 2019 година. Министерот Спасовски информираше и дека македонските власти ги преземаат неопходните мерки за да се подобрат условите и инфраструктура на граничниот премин Требиште-Џепиште.

Министерот Лешај зборуваше за идејата за овозможување на слободно движење на граѓани, патници и стоки на границата, како и за подобрување на размената на информации за границата со други држави. Тој посочи дека за оваа идеја ќе се разговара и со другите земји од Западен Балкан, кои се добредојдени да се приклучат и да ги прифатат заедничките предности од воспоставување на заеднички премини.

Министерот Спасовски ја подвлече важноста од одличната полициска соработка во делот на борбата против организираниот криминал и справувањето со глобалните безбедносни закани, подвлекувајќи ја важноста од натамошно продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This