МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ДОДЕЛИЛО 30.000 ЕВРА ЗА НЕПОСТОЕЧКИ ПРОЕКТ: Скопскиот аквадукт претворен во депонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 30 илјади евра биле одобрени со Годишната програма на Министерството за култура за конзерваторско-реставраторски работи на Аквадуктот во Скопје, за што нема ни – проект, објави телевизија 24. Ова го тврди директорот на НУ Конзерваторски центар – Скопје, Коле Чапканоски кој вели дека основниот проект кој е финансиран од Министерството за култура не постои.

Не е првпат Конзерваторскиот центар – Скопје да добие пари преку ресорното Министерство, а средствата да не бидат искористени целосно. Лани биле доделени близу 18 илјади евра за што директорот тврди дека мал дел од тие пари биле потрошени за изработка на Идеен проект за Аквадуктот за кој тврди дека е во завршна фаза – а останатите околу 15 илјади евра биле вратени назад во буџетот.

Целиот напис на следниот линк

На скопскиот аквадукт се палат и огнови, неколку пати до сега интервенираше и противпожарната служба. Грандиозниот објект кој потекнува од 6 век редовно има посетители од странство и претставува атракција за туристите, а државата остави објектот да се распаѓа.

Последен пат Аквадуктот го посети поранешниот Министер за култура Роберт Алаѓозовски кој вети и реставрација на објектот посочувајќи го како еден од најзагрозените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This