МИТКО ЧАВКОВ НА ФЕЈСБУК: Aмнecтија не барам, а вистината кога тогаш ќе излезе на виделина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-министерот за внатрешни работи и бивш директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој одлежува затворска казна за настаните од 27.април 2017 година, се уште верува дека во Македонија кога и да е ќе се дознае вистината преку силата на аргументите и фактите, а во меѓувреме вистината ќе ја докажува во Стразбур, како што пишува на својот ФБ профил, објаснувајќи дека тој не барал амнестија ниту тогаш, ниту сега

 За Уставниот суд и Иницијативата за испитување на уставноста на Законот за амнестија:
Поитувани пријатели, пред да се осврнам на одлуката на Уставниот суд, за да не се искривува вистината, сакам да потенцирам дека:
Прво, не поднесов барање за амнестија убеден дека Законот е дел од политички процес кој се одвиваше паралелно со судскиот процес и на самиот крај од доказната постапка, финишираа амнестиите со кои беа опфатени само оние со цена на политичкиот пазар и кои беа донесени од притвор за да ги гласат уставните измени, тоа дефинитивно беше селективо и на штета на владеењето на правото а на линија на воспоставениот принцип на неказнивост токму од менаџерите на процесот;
Второ, јавно преку медиуми и Основен суд Скопје, го повикав тогашниот претседател Иванов да ме изземе од списокот на лица за кои имало Иницијатива за помилување, доколку се одлучеше да решава пред истекот на мандатот. Се разбира дека инсистирв да биде и беше објавен мојот повик во медиумите.
Зошто ги сторив двете работи….. ???!!!
Причината е едноставна, владеење на правото и правото на фер судење за сите опфатени со постапката и во ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА.
Нити се задоволи ниту пак ќе се задоволи чуството на правда затоа што се тргна од вообичаената пракса, од за среќа мал дел на судии и обвинители кои и во минатото и сега тргнуваат од логиката дека за да се задоволи чуството на правда НЕКОЈ МОРА ДА ПЛАТИ, се разбира, тоа се поданиците на политичките влијанија.
А сега за одлуката на Уставниот суд, без да ја коментирм, КРАТКО: ЈА БЕТОНИРАА ПРАКСАТА НА ПОЛИТИЧКИ ПАЗАР И ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ ПРЕКУ ОДРЕДЕНИ ЗА ТАА ЦЕЛ ПОДОБНИ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ СО ПРОТИВУСТАВЕН ЗАКОН КОЈ ДИРЕКТНО ЈА ПОДРИВА ПРВНАТА ДРЖАВА И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО.
За целта на Иницијативата, се рководев од идеата да се отвори стручна и академска рсправа , па можеби ќе слушнавме дали постои некаде во светот пример на СУДСКО-ОБВИНИТЕЛСКА АМНЕСТИЈА. Тоа го потенцирам за да е јсно дека никако не беше целта како што коментира една ОБВИНИТЕЛСКА “ЅВЕЗДА” ВЕЌЕ ВО ПРОЦЕС НА СОГОРУВАЊЕ И ИСЧЕЗНУВАЊЕ да бидат амнестирани сите инволвирани во настаните од 27 април – НАПРОТИВ!!!!
ЕДНА НЕПРВДА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА СО ДРУГА НЕПРАВДА!!!
За крај, имаме јавни признанија од најповиканите носители на политичка моќ за одлучување кои експлицитно објснуваат зошто е донесен токму таков закон ….
Уште една битка е изгубена, но војната ќе ја извојуваме во Стразбур!!!
Борбата продолжува, со силата на правните аргументи!!!!
п.с. Благодарност на мојата ќерка која го менаџира мојот ФБ профил…. – пишува Чавков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This