March 28, 2024, 11:52 pm

МИЦКОСКИ ОД ШТИП: Готови сте господа од СДСМ, на колена сте, денови се во прашање пред да ве испратиме во политичка пензија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Штип.

Мицкоски пред пристутните истакна дека секогаш Штип бил посебна инспирација, и дека секогаш Штип и штипјани знаеле да изберат, така и вечерва Штип потврдува она што се слуша секаде во Република Македонија, иден претседател е професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Штип велат дека од оние најтврдите бил и некако тука она растение пиреј било најраспространето, колку и да го кошкаш тоа повторно никнува, а вие штипјани тоа го докажавте низ историјата дека вие сте пиреј и дека колку и да не кошкаат колку и да не ишкаат нас повторно ќе не има се повеќе и повеќе, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи од почетокот уште пред дваесетина дена од Охрид, најавена е новата победничка пролет на политичката сцена, а денес после поминати илјадници километри и разговори со илјадници сограѓани и со сликата од насобраниот народ во Штип слободно може да се каже дека победува најголемата коалиција со народот, а Македонија го добива идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова.

-Велат овие политички измамници, не сме можеле, не сме знаеле, но денеска кога гледам како сплотени обединети, сите еден до друг стоиме и работиме, горди и достоинствени за Македонија, можам само да им кажам, готови сте господа од СДСМ, на колена сте, денови се во прашање пред да ве испратиме во политичка пензија. А за сите лаги, за сите измами, за политичкиот прогон, за уцените, за заканите, јас ви ветувам, дека вашата политичка пензија нема да биде мирна ниту спокојна, од прв до последен ќе одговарате пред законите, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека изборот е јасен, од една страна е Стево Пендаровски 102,5% ист како Зоран Заев, а позади нив целокупната транзициона измамничка Хилтон коалиција, а од друга страна имаме бескомпромисен борец за правото и правдината, заштитиник на законите и Уставот, идниот претседател Гордана Сиљановска Давкова, која ќе победи заедно со сите граѓани на републиката.

-Ветуваат на полупразните плоштади, почнаа и во училници во училишта да се собираат, ќе сме чекореле напред. Ајде една ретроспектива кои се луѓето што ни викаат дека ќе чекориме напред. Се сеќавате ли на Мирчо свињарникот и на „евро за Вице и евро за црквата“, се сеќавате ли на „живи луѓе ќе јадеме? Се сеќавате ли на суратите, и на им излегувајте на очи, на оние 15% поврат на ДДВ, се сеќавате ли на загарантираниот откуп, на нови 600 км автопат, на реновирани болници, на 100 илјади денари плата за докторите? Се сеќавате ли на жицата, на татковината, на дедовината? Сетете се и на транзицијата, овие политички измамници, ништо не исполнија, овие се луѓето кои што нас ни велат ќе сме чекореле напред, ама се срамат да кажат дека за пусти пари била работата, истакна Мицкоски.

Тој од Штип на врхушката од СДСМ им порача дека се готови, дека време им е за политичка пензија, и колку побрзо сфатат, толку подобро ќе биде за Македонија, затоа што иден претседател е Гордана Силјановска Давкова, а на предвремени парламентарни избори доаѓа народот по своето и победува ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

-Истите овие политички измамници не убедуваа дека го заштителе идентиетот, ама не само што го заштитиле туку и со арматура го зајакнале. Еве од Штип ќе ве потсетам што направивте, дека се срамевте да ја построите македонската гарда, да слушате како воениот оркестар на АРМ интонира „Денес над Македонија се раѓа“ и „Македонците се борат за своите правдини“, тоа се срамевте да го слушате, посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како народна партија никогаш нема да се оттуѓи од народот и заедно со народот ќе ја крене од пепелта Македонија која овие политички изманици ќе ја остават и дека заедно со народот со вистински вредности и како горди Македонци од Македонија ќе чекориме кон Европа и кон Светот.

Затоа на крај побара поддршка од сите граѓани на 21-ви април и на 5-ти мај, за победа за професорката Гордана Силјановска Давкова и сите заедно да застанеме на патот на неправдите на патотот на криминалот корпуцијата, на патот на омаловажувањата, на понижувањето и да си ја одбраниме нашата татковина Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This