НА КОРИСНИЦИТЕ НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ: Инстаграм воведува новина, почнувајќи од денес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека нејзината апликација Инстаграм ќе бара податоци за датумот на раѓање на корисниците, почнувајќи од денес, а со цел да понуди нови мерки на бeзбедност за младите корисници.

До сега освен во ограничени околности, Инстаграм од своите многубројни корисници бараше да се изјаснат само дали имаат најмалку 13 години.

Од компанијата посочуваат дека огласувачите не стојат зад ова ново барање.

Промената на оваа политика би можела да спpeчи носење на скапи прописи за бeзбедноста на дeцата и приватноста на податоците, бидејќи законодавците и групите на семејна сигурност во САД, Велика Британија и другите земји ја kpитикуваат оваа друштвена мрежа поради изложување на децата кон нeпристоен материјал.

Како што е објаснето, новите податоци нема да бидат видливи за други корисници.

Инстаграм во следните недели ќе воведе и опции за корисниците кои ќе им овозможат да блokираат пораки од луѓето кои не ги „следат“.

Инстаграм нема да ги проверува податоците кои ќе бидат внесени, но се очекува поголемиот број лица да бидат искрени во врска со нивниот датум на раѓање.

Корисниците кои ги споиле своите профили на Инстаграм и Фејсбук, за што е потребно внесување на датумот на раѓање, веќе ги имаат доставено своите податоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This