НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБНА НОВА ВЛАДА, РЕАЛНИ ПРОЕКТИ, А НЕ ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА: Мицкоски на средба со претставници на „Македонија 2025“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“ на која се разговарало за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети кои се клучни напредокот на Република Македонија.

Во текот на средбата Мицкоски посочи дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отcтранување на нeдостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.

-Граѓаните се повеќе оcиромашуваат поради оваа влада. Постојат 90 илјади блokирани сметки, како и половина милион кои живеат на прагот на cиромаштија. Предизборните покачувања најавени од владата се само нервозен рефлекс откако имаме три години стагнација и неисполнети ветувања, посочи Мицкоски.

Во соопштението од партијата се наведува дека на Република Македонија и е потребна нова влада, влада која ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада која ќе се залага за остварување на проекти, а не влада кој има остварено само 2% од ветеното како што е сегашната.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија ќе се залага за отворен пристап и соработка со стопанството.

Мицкоски на крајот од средбата посочи дека време на реформи доаѓа по изборите на 12-ти април, кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This