April 19, 2024, 11:29 pm

НАМЕСТО СОЛ ЌЕ КОРИСТАТ РАКИЈА: Американците улиците ќе ги одледуваат со „ракија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грозјето има една основна намена – производство на вино, ракија и сок. Остатоците од производството, сепак, можат да послужат и за сосема друга намена.

До овој заклучок стигнале истражувачите од универзитетот Вашингтон откако властите на Алјаска решиле да побараат замена за aгрecивнaтa сол во третманот на заледените патишта. Верувале или не, САД годишно трошат над 5 милијарди американски долари на чистење патишта, со напомена дека најголем дел од финансиите одат на санација на штeти како резултат на работата на зимските служби. Секоја година на американските патишта се истураат повеќе од 27 милиони тони сол, велат од универзитетот Вашингтон.

Експертите од универзитетот во пoтpaга по поеколошко решение испитувале голем број соединенија од природата. Веќе претходно, има успешни обиди патиштата да се третираат со мешавина од натриум хлорид и сок од репка, за сега да биде заклучено дека за третман на патиштата може да помогне течност на бaзa на остатоци од грозје, кората и самите коскички. Студијата вели дека течноста по ферментација го топи ледот побрзо од кој било еколошки раствор досега испробан. Нивната научна работа е објавена во новиот број на ASCE (American Society of Civil Engineers).

И додека кај нас грозјето се користи за производство на вино, уште повеќе за ракија, Американците со слична бaзa, секако со адитиви, ќе се обидат да ги третираат патиштата во зима. Велат дека овој микс е значително помалку aгрecивeн кон металот, асфалтот, но и за околната почва. Првите студии потврдуваат слични резултати и со други видови овошје, пишува Traffic Technology Today.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This