НАУЧНИЦИТЕ СО НОВО ТВРДЕЊЕ: Луѓето што имаат повеќе од 40 години, треба да работат само три дена во неделата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една неодамнешната студија откри дека луѓето кои што се постари од 40 години функционираат подобро кога работат само три дена во неделата.

Научниците заклучиле дека когнитивните способности на средновековните луѓе се подобриле кога работеле до 25 часа во текот на неделата. Преформансите се намалиле кога работеле повеќе од 25 часа, поради уморот и стесот.

Оваа студија која е објавена во Мелбурн институтот Worker Paper, вклучувала низа когнитивни тестови. Вклучувала 3.000 австралиски мажи и 3500 австралиски жени при кои што ги анализирале работните навики. Ја тестирале способноста на субјектите да прочитаат зборови на глас и да ги рецитираат броевите. Се мереше нивната способност за памтење, способноста за размислување која вклучува извршно размислување, апстрактно размислување и меморијата.

Се заклучило дека субјектите кои работат 25 часа во неделата најдобро изведувале, додека субјектите што работеле по 55 часа во неделата имале полоши резултати дури и од невработените субјекти.

Професорот Colin McKenzie од универзитетот Keio, еден од трите автори на оваа студија изјави:

– Многу земји ќе ја зголемат старосната граница за луѓето да се квалификуваат за надоместоци за пензија. Ова значи дека сè повеќе луѓе продолжуваат да работат во подоцнежните фази од нивниот живот.

Степенот на интелектуална стимулација може да зависи од работното време. Работата може да биде меч со две острици, бидејќи може да ја стимулира мозочната активност, но во исто време, долгите часови на работа може да предизвикаат замор и стрес, што може да ги наруши когнитивните функции.

Нагласивме дека разликите во работното време се важни за одржување на функционирањето на когнитивните функции кај средовечни и постари возрасни лица. Ова значи дека, во средната и староста, работењето со скратено работно време би можело да биде ефективно за одржување на когнитивната способност.

Причината зошто работењето повеќе од 30 часа неделно е штетно за мозокот, додека помалку часови се добри, сè уште е нејасно. McKenzie ја опишува работата како меч со две острици. „Додека работата може да ја стимулира мозочната активност, долгите часови можат да предизвикаат замор и стрес, што може да ја наруши когнитивната функција. Да се ​​работи со полно работно време (40 часа неделно) е сè уште подобро од работењето во смисла на одржување на когнитивното функционирање, но тоа не ги зголемува позитивните ефекти на работата, изјавува тој.

Важно е да се спомне дека резултатите најверојатно ќе се разликуваат од држава до држава, зависно од годишните одмори. Тешко е да се контролираат сите фактори кои допринесуваат за конечниот резултат на тие студии, но секако, идејата за работа со полно работно време до 67 годишна возраст изгледа непривлечна.

Главната поента е дека работата со полно работно време е многу штетна за мозокот кај луѓе над 40 години, така што владите треба да го земат предвид ова и да размислат за својата година за пензија. Во овој момент, државната пензија на САД за лице родено во 1989 година започнува на 68-годишна возраст, што е штетно за работникот и е непродуктивно за работодавачот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This