April 25, 2024, 11:23 am

НАШИНЦИ СЕ ПОВЕЌЕ КУПУВААТ ИМОТИ ВО ГРЦИЈА: Кога ќе се пензионираме ќе живееме покрај море!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апартмани, вили, куќи покрај море, но и во срцето на Солун, соседна Грција, се повеќе се бараат од наши граѓани, кои покрај тоа што сакаат таму да ги минуваат летните денови, најчесто планирале да ја дочекаат староста покрај море, во сопствен дом.

Голем интерес за недвижнини во Грција, најмногу во Паралија, Лептокарија и Солун имало веќе неколку години наназад. На секојдневна база се продавале апартмани на граѓани од сите краеви од земјава, но имало интерес и кај жителите на Србија, Бугарија, Израел…

На темава „Фокус“ разговараше со Елена Делевска од Скопје, сопственичка на агенцијата за недвижнини ,,Citylife” која е во овој бизнис од далечната 1995 година. Вели дека започнала со продажба на имоти кај нас, но во последниве години интересот за недвижнини во Грција од страна на наши граѓани станал доста голем.

-Последниве пет – шест години интересот е навистина голем, значи се купува секој ден. Првин се бараа апартмани покрај море, а сега се почесто и во Солун. Цените се во зависност од локацијата, на пример во Солун метар квадратен се продава од под 1.000, па до 10.000 евра, во строгиот центар на градот. Се зависи и од тоа дали станот ќе треба да се реновира, најчесто за стан од 50 метри квадратни се бараат од 50.000 до 70.000 евра, но може да се најдат и апартмани под 40.000 евра. Нови градби таму речиси и нема, така да најчесто е потребно реновирање – појаснува Делевска.

Додава дека покрај море, како најпривлечни локации за купување на имот се Паралиа, Лептокарија, а поретко и островите. Таму цените биле во зависност од тоа во кој ред се наоѓа недвижнината, односно колку поблиску до морето, толку била цената повисока.

-Во Паралиа и Лептокарија цените се движат од 900 до 1.200 евра за метар квадратен. На краците цената е од 1.300 до 2.000 евра по квадрат, според тоа колку е морето оддалечено. Сепак, се наоѓаат доста интересни и евтини понуди. Интересот е голем, секојдневно имаме купувачи. Најчесто тоа се млади, реализирани луѓе, кои комбинираат задоволство со инвестиција. Некои ги купуваат апартманите за лично задоволство, некои ги изнајмуваат во тек на туристичката сезона, но речиси сите спомнуваат дека планираат староста да ја поминат покрај морето. Имаме доста купувачи од Скопје, но и од другите градови во земјава – вели Делевска.

Околу тоа како оди процедурата за купување на имот во Грција за наши граѓани, раскажува дека се е по легален пат, безбедно, на нотар се потпишувало договор на име и презиме за сопственоста.

-Како и граѓаните на Грција, така и нашинците кои купиле имот таму плаќаат данок на имот на годишно ниво. Данокот се движи од три до пет евра по квадрат, ако ја користат недвижнината за сопствени потреби си ги плаќаат сите трошоци за одржување. Додека пак, ако се изнајмува, плаќаат други даноци на приход. Други, скиени трошоци нема. Сите кои купиле се задоволни – раскажа сопственичката на „Cityfife“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This