НЕ ПОСТОИ ПОГЛУПАВ АМЕРИКАНЕЦ ОД ЗАЕВ: Путин треба да му изгради споменик на Заев во Москва, затоа што не постои поглупав Американец од Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот прв човек на скопскиот огранок на СДСМ, Љупчо Палевски, се обрати на протестот против промена на уставното име на Република Македонија, што се одржа вечерва пред Собранието на Република Макесонија. Палевски, кој е еден од организаторите на протестот на #Бојкоторам, рече дека дојдено е времето да се плати данокот од 30-годишното лошо и наивно живеење.

-Доаѓа време македонско, и ќе не биде и не само тоа, ќе му покажеме на целиот свет дека тука се раѓала, а и денес се раѓа голема идеја. Глобалистите и неолибералите токму во нашата мака Македонија ќе си ги искршат нивните алчни политики.

Палевски рече дека сите суверени и свесни европски држави веќе им покажале на глобалистите дека не се откажуваат од себеси во корист на туѓи глобални корпорациски проекти кои се продаваат како европски. Глобалната измама што се обидуваат да ја инсталираат во Македонија, да го избришат народот – нема да им успее.

-Поставувањето на евроатлантската интеграција како догма, како ултиматум, не става сите нас во подредена положба. Овие измамнички глобалистички интеграции го преселија проблемот од ОН во Брисел, во некакво нелегитимно политичко тело. Хан и Могерини не се гласани, не се бирани, тие се исто така октруирани, поставени како Зоран Заев.Со оваа преселба од ОН во Брисел ги укинаа двете темелни права на секој народ – правото на име и недискриминација. Сите три договори, и грчкиот и бугарскиот и албанскиот се чистокрвни агресии на нивните државни доктрини наспроти нашата држава, наспроти АСНОМ. Со овие договори Македонија станува хибрид на нивниот компромис.

Македонскиот народ е суверенот на македонскиот суверениет, македонскиот нарот е чуварот на европскиот мир, рече тој, но англосаксонскиот хегемон бара европска војна и затоа, смета Палевски, започнал со демонтирање на македонизмот.

-Путин треба да му изгради споменик на Заев во Москва, затоа што не постои поглупав Американец од Зоран Заев, не постои друг кој вака брутално неписмено спроведува глобалистички интереси во Македонија. Клучот е, и секогаш бил, во Македонија, а не во Вашингтон и Москва, рече Палевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This