„НЕВЕРОЈАТНА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА“: Тајсон Фјури маструбира 7 пати и пие по 8 литри вода на ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 22 февруари во Гранд Гарден Арената во Лас Вегас ќе боксуваат Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, едни од најдобрите боксери на денешницата во тешка категорија. Овој вториов има многу зезнати припреми.


Мечот меѓу Вајлдер и Фјури е најочекуваниот дуел во боксот во моментов. Британецот бараше и доби реванш против најголемиот нокаутер на денешницата Деонтеј Вајлдер.

Интересно, првпат во целата кариера Фјури оди против своите принципи на обични, школски подготовки. Сега не само што држи диета, туку и внел многу новости во својата програма.

ФЈУРИ Е ПРВИОТ БОКСЕР НА СВЕТОТ КОЈ НЕ СЕ СТЕГАЛ ПОРАДИ ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ, НАПРОТИВ УЖИВАЛ

Тајсон Фјури е омилен боксер во Велика Британија. Има голема база на навивачи кои го следат каде и да се бори.

Тој никогаш не бил атлета. За време на целата негова кариера, нормално било тој да има плус килограми од потребното. Но тоа никогаш не му сметало да ги нокаутира противниците, иако далеку потежок и послабо подвижен од нив.

Во ноември 2015-та година стави крај на 10-годишната апсолутна доминација на Владимир Кличко кој тогаш беше на прагот од вечниот рекорд на Џо Луис.

Тоа што надминува 100 килограми не му сметало на Тајсон Фјури.

„Ми се допаѓа кога можеш да правиш што сакаш, кога сакаш, да јадеш што сакаш, да пиеш што сакаш и ништо да не те секира. Си купив голем златен ланец, голем крст од брилијантини кој го ставам околу врат и си викам: ’Е сега сум биг деди’. Седев во голем џип со ланец околу врат и без маица. Бев дебел. Дали тоа влијаеше на мојата самодоверба? Ни капка. Уживав што сум дебел. Тоа беше кул. Тоа беше дел од мојот живот и се надевам дека пак ќе станам мрсен“.

Така било од камп во камп до битката со Кличко. Тајсон стигнал до најдобра форма и сензационално го совлада големиот Кличко. А за време на прес-конференцијата пред тој реванш, Фјури направи шоу кога се соблече до појас и покажа колкав стомак има.

„Кличко погледни ме. Тебе те победи дебел. Да, јас сум дебел. Треба да се срамиш. Јас сум здрав и дебел маж кој се бори како демон. Гледај колку ми е мрсен стомакот? Смешно е, нели? Какво е чувството да те претепал мрсник“?

Но реваншот не се одржа на крајот. Фјури западна во депресија против која се борел со алкохол и наркотици и многу храна. Кога се појавувал на боксерски шоуа, изгледал катастрофално. Никој не верувал во неговото враќање, дури ни сопствената жена Перис, но Фјури го зачуди боксерскиот свет кога ослабнал цели 50 килограми!

Пред да се врати тежел 171 килограм. Во моментот кога го победи Сефер Сефери, имал 119 кила.

ФЈУРИ ИМА УНИКАТНА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА

На првиот меч против Вајлдер кој заврши нерешено на поени, Фјури не беше во формата во која го победи Кличко.

Сега пред големиот реванш, Фјури прво го сменил тренерот – наместо Ден Дејвисон, него сега го тренира Шугар Хил, ученик на големиот Емануел Стјуард. Според Тајсон Фјури, Шугар Хил му помага во нокаут техниките.

Но далеку поголемо внимание боксерот привлекува со чудните диети и дисциплини. Тој се откажал во целост од кока кола без шеќер и од какви било активности на социјалните мрежи.

„Правам многу нешта кој претходно не ги правев. Јадам пет или шест пати на ден, пијам осум литри вода. Ако тоа ми дава предност спремен сум да пробам. Мастурбирам седум пати на ден со цел да го зголемам мојот тестостерон. Се трудам да отстранам се што ми го одвлекува вниманието во логорот. Никакви телефони, никакви гаџети. Нема диетална кока кола на која се навикнав. До крајот од мечот со Вајлдер нема да ја пипнам (кока-кола зеро). Ова е првиот тренинг логор каде пробувам да заспијам во 21.30 вечер и да станам во 7 наутро за да бидам свеж како камилица“, раскажал Фјури за британските медиуми за тоа како се спрема за големата битка.

Тренерот Шугар Хил му направил измени и во спаринг сесиите. Сега Фјури спаринугва по 10 рунди со 4 различни боксери и ставен му е акцент на брзина, на силина на удар и на техниката. Секој од овие боксери се менува после две рунди спаринг, а Фјури работи без престан.

Велат дека на 22 февруари ќе го видиме најдобриот Тајсон Фјури, Циганскиот крал кој после мечот ќе отвори една ладна кока кола и ќе јаде хамбургер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This