March 28, 2024, 10:41 pm

НЕВИДЕН СТЕПЕН НА ЗАШТИТА: Макрон во Белград ќе се чува со „непробоен дијамант“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За обезбедување на францускиот претседател Емануел Макрон кој на 15 јули доаѓа во официјална посета на Србија ќе бидат применети посебни безбедносни мерки.

Макрон ќе се чува со т.н систем „непробоен дијамант“ што подразбира заштита во секој момент и во секој агол. За неговата безбедност ќе се грижат дури 4.000 полициајци, српски специјалци како и припадници на француската Легија на странци, пишува „Телегаф.рс“.

Кога тој ќе поминува низ улиците на Белград неговата заштита ќе биде на неколку нивоа. Најнапред ќе бидат мотоцики, па т.н возила чистачи. Зад нив оди возилото водич и потоа од четирите страни на возилото во кое ќе биде Макрон ќе има возила S кои се заштита од секаков напад на вип личноста.

Одзади одат неколкку т.н CAT возила (counter assault team) во кои има најдобро обучени специјалци кои се обучени да го извлечат доколку дојде до непредвидена ситуација.

Позади нив се вози протоколот на Макрон и возило на Итната помош, а последно оди возилото за заштита од хемиски и биолошки напад

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This