Нов шok за македонската јавност: Милошоски сподели cepиoзни coмнежи за швеpц на пpeкурсори за xepоин во koбниот автобус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Ова е организиран криминал и трагедија”, напиша на својот фејсбук-профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој објавувајќи некои бугарски медиуми се сомнева дека во автобуст во кои загинаа 45 македонски граѓани се пренесувала и суровина, лесно запалива материја за производство на хероин.

„Зошто 4 дена никој не можеше да изврши контрола во седиштето на Беса транс? Зошто во Собранието не се закажуваат пратенички прашања на кои би одговарале МВР, Министерството за транспорт и директорот на Инспекторатот за транспорт? Зошто автобусот бил толериран да вози без лиценца 130 пати до Истанбул и назад? Зошто турите до Истанбул биле многу евтини за патниците? Зошто изгореа 45 живи и здрави млади луѓе и деца?

Дали оваа пеколна трагедија е цената која мораше да се плати со жртви заради организиран илегален превоз на анхидридна киселина која се користи за производство на хероин“, прашува Милошоски.

Сите заклучоци, прашања и сугестии на Милошоски:

Ова е организиран криминал и трагедија!

Зошто 4 дена никој не можеше да изврши контрола во седиштето на БЕСА ТРАНС? Зошто во Собранието не се закажуваат пратенички прашања на кои би одговарале МВР, М.Транспорт и директорот на Инспекторатот за транспорт?

Случајно ли од МВР незаконски беа издавани пасоши за нарко босовите од Турција? Зошто автобусот бил толериран да вози без лиценца 130 пати до Истанбул и назад? Зошто турите до Истанбул биле многу ефтини за патниците? Зошто изгореа 45 живи и здрави млади луѓе и деца?

Дали оваа пеколна трагедија е цената која мораше да се плати со жртви заради организиран илегален превоз на анхидридна киселина која се користи за производство на хероин ⁉️

п.с. и зошто другите автобуси од БЕСА ТРАНС , кои ја возеле истата тура, не застанале да видат што се случило, да почекаат преживеан, да помогнат, туку веднаш заминале преку граница кон МК? Дали можеби им било побитно да избегнат било каков претрес на багажот од бугарската полиција?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This