March 29, 2024, 11:28 am

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСTBOТО ВО БЕЛГРАД: Марко Вуковиќ бил вмешан во швepц на дpoга од Јужна Америка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марко Вуковиќ (41) е вечерва убиен во заседа во Белград.

 

 

 

Тој бил поврзан со трговија на наркотици од Јужна Америка, но не бил припадник на которските мафијашки кланови, пренесува „Курир.рс“.

Вуковиќ родум е од Котор, а според сознанијата тој порано бил морнар и живеел во Белгија, а во Белград се доселил пред неколу години каде основал градежна фирма.

На место на убиството бил и негов пријател, кој на истражителите им рекол дека жртвата ја познава одамна и навел дека Вуковиќ не бил скаран со никого.

Иако не бил во криминална средина, според сознанијата на полицијата, тој бил вмешан во шверц на дрога од Јужна Америка.

Убиството се случило вечерва пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и детето кои биле со него во моментот на егзекуцијата.

Покрај автомобилот се пронајдени и неколку чаури.

Инспектори вршат увид, а полицијата го блокираше тој дел од градот и трага по напаѓачите

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This