Од гумите кои беа запленети во Нерези се прават лулашки и други реквизити за Зоолошката градина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лулашки и други реквизити се прават од гумите кои Општина Карпош ги заплени во населбата Нерези мината недела. Од Зоолошката градина велат лулашките од гуми ќе бидат за живеалиштата на мајмуните, додека други реквизити од нив се прават за тигрите и јагуарот, пишува СДК.

„Добивме 60 гуми од Општина Карпош, кои ќе ги искористиме за разубавување на живеалиштата. Од наредната недела во градината ќе пристигнат и уметничките инсталации на диносауруси кои се наоѓаа во моментов во паркот во Автокоманда. На лице место уметникот Андреј Миневски ќе прави инсталација на диносаурус во Зоолошката, кој ќе биде долг 12 метри и посетителите ќе можат да видат како се прави“, вели Ѓорѓи Галетановски, директор на Зоолошката градина.

До 30 март отворен е конкурсот за разубавување Зоолошката на кој може да се пријават уметници, графити уметници, скулптори кои би ги цртале ѕидовите, патеките и би правеле реквизити за животните. До сега се пријавиле 20 уметници и скулптори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This