ОД КАДЕ ПОТЕКНУВА ТОЈ ПРЕКАР?: Зошто е Њујорк познат и како „Големото јаболко“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќето големи градови имаат прекари – Париз е познат како „Градот на светлината“, многумина го нарекуваат Рим „Вечниот град“, а честопати слушаме како луѓето велат „Големото јаболко“ наместо Њујорк.

Прашањето е – зошто оваа американска метропола го добила овој прекар? Бидејќи, Њујорк баш и не е познат по своите овоштарници.

Според легендата, сè започнало со Џон Фицџералд, известувач за Morning Telegraph, задолжен за трки на коњи.

Во 20-тите години, Њујорк бил познат по своите пpecтижни тpки, но повеќето од коњите потекнувале од Њу Орлеанс и околната област. Кога во една прилика ја посетил шталата на тимот од тој град, Џон слушнал разговор помеѓу двајца членови, кои го опишале Њујорк како „големото јаболко на коњичкиот спорт“.

На Џон многу му се допаднало ова име, па решил понекогаш да го нарекува Њујорк „Големото јаболко“ во неговите неделни колумни.

Овој прекар наскоро почнале да го користат и џез-музичарите. Постоел дури и џез клуб наречен „Големото јаболко“ во Харлем во 30-тите години. Сепак, со децении, малкумина го користеле овој прекар.

За време на тypбyлeнтнитe 70-ти години, кога во градот се забележал голем пораст на кpиминaл, неговите посетители повеќе би го опишале како „рacипaнo“ отколку „големо јаболко“.

Во такво време, еден човек решил да го промени имиџот на градот и да го врати неговиот стар сјај. Тоа бил Чарлс Жилет, директор на Њујоршката туристичка организација.

Тој исто така бил голем обожавател на џез музиката, а името што го користеле музичарите било совршено за неговата кампања за промовирање на градот.

Кампањата била и повеќе од успешна, па наскоро „Големото јаболко“ повторно стана прекар на Њујорк, а така остана и денес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This