ОДБРОЈАНИ МУ СЕ ДЕНОВИТЕ: Заев си заминува, ова му се последните недели на премиерското столче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев си заминува, ова му се последните недели/месеци на премиерското столче, пишува на Својот Фејсбук профил Антонијо Милошоски. Со него си заминуваат и Рашковски, Кики и Фрики, Курто Дудуш, тандемот Венко Филипче и Ден Дончев, инспекторот Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Никола Димитров, Садула Дураку, Љубе Бошковски, Вице % Заев, Васко % Ковачевски, Лидија Димова, Драгиша Милетиќ и “екипата”…

Предвремени избори ќе има! Заев никогаш не победил на парламентарни избори, а овој пат ќе биде силно поpaзен од народот што го излажа и разочара.

Најдобро е Заев што поскоро нека си поднесе оcтавка и нека одлучи дали Оливер Спасовски, или Радмила Шеќеринска или Кочо Анѓушев ќе биде 100 дена технички премиер кој ќе раководи со владата до изборите. Кога ќе се одлучи за технички премиер, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе понуди соодветни кадри на чело на МВР и М.Труд, и на останатите позиции согласно законот. После ова ќе следува изборот на техничката влада која за 100 дена ќе има главна задача подготовка за избори, кои, доколку изборот на техничката влада се случи во Ноември-декември, најрано би можеле да се одржат во февруари-март 2020 година. Потоа понуда на издржани и реални изборни програми, силна уверлива изборна кампања и кандидати за пратеници. По 3 недели кампања, ден за избори. Фер и демократски. Европски. Достоинствено. Решително. Победнички! Напиша Антонио Милошоски на Фејсбук.

#ЗЗаминува Заев си заминува, ова му се последните недели/месеци на премиерското столче. Со него си заминуваат и…

Posted by Antonio Miloshoski on Saturday, October 19, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This