Орбан за Меркел: Ерата на двосмисленост заврши, сега ги симнуваме ракавиците и се подготвуваме за битka со ширум отворени очи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбанобјавен на неговата официјална страница, го поздрави заминувањето од политичката сцена на германската канцеларка Ангела Меркел со неколку краток осврт за нејзиното 16 годишно владеење, како и за новата ера на Германија и европската политика по нејзиното заминување.

Според него, ќе бидат потребни натчовечки напори за да соработуваат членките на ЕУ по нејзиното заминување.

„Ние ја разбиравме неа и таа нè разбираше нас“, пишува Орбан, истакнувајќи дека ова меѓусебно разбирање настанало затоа што Меркел живеела во комунистичка Источна Германија.

Орбан потсети дека тој и Меркел работеле заедно за надминување на финансиската криза во 2010 година и зачувување на Европската унија, но дека во 2015 година, поради мигрантската криза, дошло до раздор во меѓусебните односи.

„Мигрантската криза беше тест сама по себе. Таа стана Рубикон бидејќи откри длабоки филозофски, политички и емоционални разлики меѓу нас и нашето разбирање за нациите, слободата и улогата на Германија“, напиша Орбан.

Зборувајќи за миграцијата, унгарскиот премиер рече дека за неговата земја и за другите централноевропски земји, татковината е основна работа, додека Германија е на друг пат на европската цивилизација кон еден вид постхристијанска и постнационална држава.

Орбан наведува дека Германците, за разлика од Унгарците не гледале проблем во тоа. Тие не ја сметаат за цивилизациска болест која треба да се излечи, туку за природен, посакуван, па дури и морално супериорен исход.

Орбан додаде дека европското единство почна да се распаѓа и дека тоа не може да се запре.

„Враќањето на европската соработка ќе бара натчовечки напори во ерата по Меркел“, рече Орбан.

Тој се осврна и на претстојната германска влада на социјалдемократите, либералите и зелените, нарекувајќи ја левичарска влада која се залага за тоа Европа да има миграциска, родова, федералистичка и германска агенда.

„Едно е сигурно. Ерата на двосмисленост, прикриена политика и лебдење е завршена со Меркел. Влегувајќи во новата ера, ги симнуваме ракавиците. Сега се подготвуваме за битка со ширум отворени очи“, заклучи Орбан, кој неодамна се оддалечи од европската десница и сè повеќе се врти кон екстремно десничарските политичари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This