Орбан со шамар за ЕУ: Полјаците се во право, европските институции без легитимност ги заобиколуваат надлежностите на националните парламенти и влади

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приматот на правото на ЕУ не е предвиден во договорот за членство, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи ги можните санкции против Полска во светло на нејзината одлука за надмоќ на националниот устав.

„Приматот на правото на ЕУ не постои во договорот за ЕУ, така што ЕУ го има приматот таму каде што има надлежности. Прашањето е компетенција. Она што редовно се случува сега е дека европските институции ги заобиколуваат надлежностите на националните парламенти и влади и го менуваат договорот без легитимност. Значи, Полјаците се во право“, рече Орбан, додавајќи дека таму каде што нема надлежност на ЕУ, националното право има предност пред правото на ЕУ, пренесува меѓународен Спутник.
Претходно францускиот државен секретар за европски прашања Клемент Боне изјави дека Париз би можел да воведе санкции кон Варшава, вклучително и финансиски, поради неодамнешната пресуда на полскиот Уставен суд дека одредени членови од повелбата на Европската унија се неуставни во таа земја.
На 7 октомври, Уставниот суд на Полска ја потврди супериорноста на уставот на републиката во однос на законодавството на Европската унија. Овој потег дојде како одговор на неколкуте пресуди на Судот на ЕУ со кои се осудуваат постапките на полските власти. Европската комисија започна истрага против оваа одлука со цел да одлучи за понатамошни мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This