ПO-ПA-PA АHKETA: 60 проценти од граѓаните би го вpaтиле името мaкap и излeглe од HATO и ниkoгаш не влегле во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова истражување покажа дека поголемиот дел од македонските граѓани не е задоволен од својата материјална состојба. Најголемиот дел од македонските домаќинства (42,8 отсто) се ограничува во однос на потрошувачката, поекономични се, 27,1 отсто велат дека многу внимателно располагаат со парите, 6,5 отсто одговориле дека штедат и на основните потреби за исхрана, а 3,7 отсто живеат без основни добра или во сиромаштија. Без никакви ограничувања во потрошувачката живеат 16,4 отсто од населението.

Во однос на првата година од членството на Македонија во НАТО, дури 43,6 % од испитаниците сметаат дека немаме никаква придобивка од ова членство. Дека имаме придобивка во однос на надворешната безбедност и стабилност сметаат 15,1 отсто од испитаниците, дека сме добиле заштита и неповредливост на границите сметаат 9,8% од испитаниците, ама само 4,1 отсто од анкетираните граѓани одговориле дека сме добиле развој на економијата и влез на странски капитал. За тоа дека ова членство е предуслов за евроинтеграцијата се согласиле 3,6%.
И тука според етничката припадност на испитаниците, одговорите се разликуваат – за враќање на името и губење на членството во НАТО и ЕУ се 37,6 отсто од испитаниците Албанци, а 68,5 отсто се испитаниците Македонци.

Во однос на зголеменото изводјување од БДП за воените трошоци според стандардите на НАТО (2%), дури 74,7 отсто од испитаниците велат дека тоа македонската економија не може да го поднесе.

Промената на името како услов за членство во НАТО и ЕУ е темата на која, покажува ова истражување, македонските граѓани се многу чувствителни и разочарани. Дури 55,9 отсто од испитаниците одговориле негативно на прашањето дали по промената на името ќе станеме членка на ЕУ. Со овој услов се согласиле 38,9 отсто од испитаниците. Очекувањата меѓу граѓаните Албанци од Македонија за ова се поголеми (54,4%), а мнозинството меѓу Македонците (62%) одговориле негативно на ова прашање.

За прекинот на преговорите со ЕУ, најголемиот дел од испитаниците (72,3%) се согласни дека главната причина за тоа е блокадата од Бугарија. Дури 39 проценти од испитаниците сметаат дека не е веќе од интерес на ЕУ Македонија да стане нејзина членка и дека постојано ќе се измислуваат нови и нови причини за блокади. Само 19 отсто од испитаниците се оптимисти и сметаат дека Бугарија ќе ја тргне блокадата по изборите кај нив, а 18,8 отсто од испитаниците се оптимисти дека Македонија ќе попушти и ќе ги прифати барањата на Бугарија.

По промената на името, 60,5 отсто од граѓаните велат дека не вредеше промената на името за влез во НАТО. 30,7 отсто одговорија дека овој потег на власта сепак вредел.

За враќање на името Република Македонија и по цена да го изгубиме членството во НАТО се 58,1 отсто од испитаниците и 58,7 отсто од нив го дале истиот одговор во однос на губење на можноста за членство во ЕУ. Против ова се 19,8 и 19,6 отсто од испитаниците.

Извор: МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This