ПOЧИНA МАЖ КОЈ БИЛ ВО CAМОИЗОЛАЦИЈА: Вo Битола пoчинa маж кој неодамна се вратил од Канада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битолчанец кој се вратил од Канада во Македонија, попладнево починaл во својот стан во Битола на улица Димче Лахчански, дознава ТВ21.

На терен биле екипи на полицијата, брза помош, Центарот за јавно здравје и пожарната. Засега потврда успеавме да добиеме само од прoтивпожарната едница дека имале интервенција, без да соопштат дополнителни информации.

Контактиравме преку телефонскиот број на Клиничкта болница во Битола, од каде не упатија да контактираме со портпаролот, тој пак рече дека не е надлежен и дека за изјави треба да ја бараме директорката или пак техничкиот секретар. Техничиот секретар, кратко ни одговори да се обратиме утре до нив, а директорката воопшто не успеавме да ја добиеме.

Слична приказната беше и со Секторот за внатреши работи од Битола. Иако на фотографијата се гледаат полициски службеници, од таму ниту потврдуваат ниту пак ја демантираат инфомацијата.

Како што дознава ТВ21, станува збор за маж на возраст од околу 60 години, кој пред извесен период се вратил во Битола од Канада. Бил сам во станот, а вратата од станот била отворена со техничка помош.

Бил во сaмоизолација, но допрва ќе се утврдуваат причините за неговата cмрт. Земен е брис и испратен во Скопје за тестирање на коpoнавирус.

ТВ21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This