Пoчинa Мира Фурлан, дoajeнкa нa југословенското глyмиштe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер.

Таа починала во средата, 20 јануари, но информацијата беше објавена денеска.

Веста ја потврди и нејзиниот пријател, авторот на американската научно фантастична серија „Бабилон 5“, Мајкл Страчински, во која Фурлан ја играше амбасадорката Минбари Делен.

Ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка и другарка тргна по патот каде не можеме да ја достигнеме. Но, како и за сите нешта, со време ќе ја стигнеме и верувам дека таа ќе има многу приказни и многу нови улоги што ќе ги сподели со вселената”, објави Страчински.

Фурлан беше интелектуалка која го изразуваше својот критичен став спрема лудилото кое во деведесетите години се случуваше на просторите на поранешна Југославија. Укажување на погубноста од национализам и омразата која произлегува од него, но исто така таа прецизно ги демаскираше сите оние ужаси што се случуваат во светот.

Фурлан емигрираше во САД во 90-тите. Во интервју лани за српскиот RTV се осврна за алармантната состојба во САД.

Фурлан ланската година ја помина во самоизолација во Лос Анџелес каде живееше и работеше во филмското училиште. Во брак беше со српскиот режисер Горан Гаиќ. Откри, пандемијата во САД се претворила во политички проблем кој ја поделил земјата.

-Контрола нема републиканците отвараат, демократите затвараат. А Трамп? Не вреди да се разговара за него. Луѓето се занимаваат со неговите твитови, а многу лоши работи се кријат зад завесата, на лудилото нема крај, раскажа таа лани.

Велеше дека влијанието на пандемијата е силно кај луѓето кои се повеќе се оддалечуваат.

Вирусот многу не промени. Го чувствувам тоа. Се плашиме од близината на другите. Не само по бојата, полот и нацијата, туку како човек од човек.

Фурлан играше во славните југословенски филмови: „Татко на службен пат“, на Кустурица, „За среќа се потребни тројца“ на Рајко Грлиќ, „Киклоп“ на Антун Врдољак, „Убавината на порокот“ на Живко Николиќ, како и во ТВ сериите „Вело мисто“, „Непокорен град“ „Смоговци“, „Вучјак“”. Во САД е позната по улогите во сериите “Изгубени” и “Бабилон 5”.

Славната актерка пред пет години беше меѓу главните гости и почесни членови на главното меѓународно жири на новиот филмски фестивал „Киненова Скопје“, што се одржа во октомври, на повеќе локации во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This