ПPВA МAКЕДOНCКA КOМПAНИЈA: Дoби мeѓунaроднa нaгрaда за мyлти плaтфoрмcкo рeшeниe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Singular, софтверска компанија со канцаларии во Скопје, се здоби со признание за најдобар iGaming провајдер на мулти платформски софтвер.

Изминатата недела во Малта, еден од најголемите iGaming хабови на светско ниво, се одржа глобална iGaming недела. Singular имаше можност да го претстави своето ново иновативно решение за спортско кладење кое го привлече вниманието на експертите и водечките оператори на светско ниво.

Компанијата со своjot софтвер веќе неколку пати беше номинирана во повеќе категории на бројни iGaming манифестации. Меѓутоа, оваа година, тимот за прв пат донесе дома награда во категоријата „Провајдер на годината за мулти платформскo решение”.

Да се добие признание од ваков ранг, особено во вака компетититвна индустрија е навистина голем успех за тимот. Се радувам што индустријата го препознава кавлитетот и знае да го награди трудот кој секојдневно се вложува. – Дарко Гацов, еден од основачите на Singular и Директор на канцаларијата во Скопје.

Malta Gaming Awards се одржуав веќе шестта година по ред каде комисија составена од 18 судии со долгогодишно искуство во iGaming секторот го оценуваат секое номинирано решение врз основа на неговата иновативност, мoќнocт и адаптибилността на различните локални потреби, како и комерцијалниот успех што го има постигнато самата компанија со тој производ.

Конкретната категорија ја нагласува флексибилноста на решението да oбeзбeди подеднакво добро корисничко искуство преку дигиталните и физичките канали при тоа овозможувајќи високо ниво на персонализација.

Singular е една од IT компаниите во Македонија што развива производ од сам почеток до крај. Софтверот за спортско кладење е целосно изработен од страна на тимот во Скопје почнувајќи од R&D процесите, развој на производот, и тестирање па се до финалната испорака и пост-продукциско одржување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This