Пановски: Власта ги лaже граѓаните за вакцините, не одговори ниту на понудите на Кина, ниту на Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваа Драган Даниловски и Никола Пановски кои укажаа дека поради грешките на власта, одбивањето на Русија и Кина за вакцини, единствено македонските граѓани сега страдаат и не можат да се вакцинираат против КОВИД-19.

„Сите средства треба да се употребат при набавка на вакцини. Јас неодамна и апел упатив до власта, сите средства да се употребат, сите методи, па и играње голф да се употребат и луѓе кои што играат и голф со газдите на фармацевските компании, да речам така или кои што пијат кафе неделно. Мора да се употребат сите средства, да се излобира на сите страни за да дојдеме до вакцини“, рече Даниловски.

Даниловски додаде дека Македонија за жал се уште е во фаза на чекање за вакцини.

„Јас еве имам во телефон од декември 500.000 дози од „Синовак“вакцина, предлог договор до македонската влада на која не одговара. Мене тоа на меил ми го имаат испратено“, укажа Пановски.

Пановски укажа и дека власта ги лаже граѓаните за вакцините.

„Нашата влада не одговори на Кина, не одговори ниту на Русија за вакцините“, нагласи Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This