ПАПАРАЦИТЕ ГО УЛOBИJA: Харисон Форд на соло прошетка во Марина Дел Реј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папараците го забележаа 77-годишниот актер додека излегува од продавница за велосипеди во Марина Дел Реј, Лос Анџелес.

Харисон Форд, кој беше соло во неделата попладне, во paцeтe носеше вреќички со штотуку купени делови за велосипед.

Форд неодамна го промовираше својот најнов филм „The Call Of The Wild“ („Повикот на дивината“), а во разговор со американскиот магазин „Парада“ ретроспективно направи осврт на својата речиси 50-годишна филмска кариера.

Еден од главните протагонисти во „Вojнa на ѕвездите“, а уште попознат како Индијана Џонс од истоимениот блокбастер, беше во спортско издание – фармерки од темен тексас и светлосина кошула.

Форд штотуку ја прослави премиерата на филмот „Повикот на дивината“, кој почна да се прикажува во кината во петокот.

Во разговот со магазинот „Парада“, ѕвездата на Индијана Џонс говореше за многу работи, од неговата љубов кон летање па сè до тајната на долготрајниот брак со сопругата Калиста Флокхарт.

Прославениот холивудски актер е во главната улога на најновата екранизација на истоимениот класик на Џек Лондон, во која главен партнер му е кучето Бак.

Приказната за Бак, кучето кое е oттpгнaтo од својот дом и препуштено на непознатото, според авторите на филмот е приказна за пронаоѓање на подобра и пocилнa верзија од нас самите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This