Папата Франциско им се извини на православните верници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на посетата на Грција, папата Франциско им се извини на православните за постапките на католиците кои станаа причина за расколот меѓу христијаните, пишува „Ватикан њуз“.
Се срамам да признаам дека постапките и одлуките (на Католичката црква) имаат малку или ништо заедничко со Исус и Евангелието. Диктирани, пред се, од желбата за профит и моќ, тие ја ослабнаа комуникацијата…Историјата има своја тежина и денес треба да го молам Бога и браќата и сестрите за прошка за грешките направени од толку многу католици“, рече папата за време на посетата на Атина.

За време на неговата посета на Грција во 2001 година, папата Јован Павле Втори се извини и за суровоста на католиците кон православните, особено за уништувањето на Константинопол во 1204 година од страна на крстоносците.
Првичната цел на походот требаше да биде Египет, но крстоносците со масакри и грабежи го опустошија прво Задар, потоа Константинопол и многу други градови.

Папата пристигна во Атина како дел од турнејата низ медитеранските земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This