Планетарното правило: Водата е живот-не важи кај нас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Bo Македонија за жал сѐ уште водоснабдувањето асоцира на: борба за раководни места, партиски вработувања, поскапувања, губитоци, рестрикции, ветувања… а никако инвестирање во суштинските проблеми во водоснабдувањето!

Значи ние фиктивно сме во 21 век, а фактички заглавени во 19-ти, а можеби и порано, ако го погледнеме водоснабдувањето во целата земја!?!?

Сѐ уште сме сведоци како жителите од населените места очајно бараат пивка вода или имаат неисправна вода за пиење, сведоци сме и на рестрикции на вода, па децениски проблеми со водоснабдувањето во Неготино, Тетово…
Земјава е претендент за влез во ЕУ, но народот сè уште пие вода од азбестни цевки! На претходните локални избори СДСМ повторно лажеше и ветуваше:
квалитетна вода за домаќинствата,
30% пониска цена на водата,
нови извори на вода…..и на крај од сето ова народот доби:

Повисока цена на водата и трупање долгови и вработени во ЈП!

Како резултат на тоа имаме поскапена вода во повеќе општини: Прилеп, Штип, Велес, Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Охрид…
а оправдувањата за повисоките цени- никакви!

Најновите наоди од ДЗР дадоа поразителни резултати за водоснабдувањето –
Дури 70% од испорачаната вода во општините не е фактурирана од ЈП, односно 70% е просекот на губитоци на вода во застарените и дотраени водоводни системи.

Во проценти губитоците на вода се движат вака:
Дебар 84%, Долнени 82%, Гостивар 81%, Охрид 72%, Крушево 71%, Кочани 70%…..
Состојбата подеднакво е лоша скоро во сите општини!

Ваквите резултати добиени од ДЗР се косат со сите правила за европски квалитет во водоснабдувањето како едно од битните начела за квалитетен живот и заштита на природните ресурси.

Дали Властите во државава се свесни дека европскиот просек на загуби на вода во нормална држава изнесува не повеќе од 20%!?

Ваквиот неодговорен однос со водата предизвикува нерентабилно работење на ЈП (загуби), а со тоа изостануваат капиталните инвестиции кои и тоа како се потребни!

Или во услови на големи климатски промени и суши, сето ова може да се нарече нецивилизиран пристап од страна на властите во државава со еден од најбитните фактори на човечкиот опстанок-ВОДАТА!!!

ВМРО ДПМНЕ после успехот на локалните избори ќе има крајно сериозен пристап во намалувањето на овој проблем!

Пишува: Марјан Ристески

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This