По парите за магариња и фризерница: Димова потрошила 200 илјади евра за промоција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност изминативе неколку недели се најде во центарот на вниманието на медиумите откако 270.000 евра европски пари преку грантови во изминативе три години му биле доделени на еден фризерски салон од програмата „Еразмус 2“.

Она што е најинтересно што иако основната дејност на компанијата е „салон за убавина“ тој спроведувал програма за медиумска писменост со речиси 300 илјади евра европски пари.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која директорува Лидија Димова, доделила и 125.000 евра од Еразмус+ програмата на братот на пратеникот Диме Велковски, за проектот „Избери сирење”.

Претходно пак беше обелоденето дека братот на овој пратеник од Агенцијата со која раководи Димова добил 83.000 евра за обука за дресура на магариња.

По низата скандали Инфомакс открива дека среде огромна економска криза и светска пандемија Агенцијата со која раководи Димова продолжува со несовесносното трошење на пари. Имено Националната агенција ќе потроши околу 200 илјади евра, односно 12 милиони денари за настани на кои што ќе се промовираат проектите на агенцијата поточно рекламни дејности.

Се поставува прашањето кави настани ќе организира агенцијата имајќи во предвид дека се наоѓаме среде пандемија и не е дозволено организирање на никакви настани каде би присуствувала поголема група на граѓани.

Димов на својата прес конференција потенцираше дека ќе го „разочара“ ВМРО-ДПМНЕ и нема да даде оставка, а вицепремиерот за борба против корупција најави смена на Димова. Последниот тендер е само уште една причина зошто Димова би требало да си замине од Агенцијата.

Линк од набавката.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This