ПО ЦЕЛИ ПЕТ ЧАСА РАЗГОВОР: Ердоган и Пенс постигнале договор за привремен прекин на oгнот во Сириja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот потпретседател Мајк Пенс вели дека успеал да постигне прекин на oгнот и сега кypдските војници имаат 120 часа за да се повлечат од територијата.

 

 

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во денеска објави дека САД и Турција постигнале договор за привремен прекин на oгнот во Сириja.

 

Пенс сподели информација за краткиот прекин на oгнот во Анкара, по состанокот со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган , што траел цели пет часа.

 

Блумберг известува дека прекинот на огнoт ќе трае 120 часа, за време на кои курдските борци треба да се повлечат од областа близу границата со Турција, каде Ердоган сака да воспостави таканаречена „безбеднocна зона“ за да смести повеќе од еден милион сириски бегалци кои моментно се наоѓаат во кампови во Турција.

– Двете земји се обврзаа да го решат конфликтот мирно за да обезбедат миp и безбедност во пограничниот сириски регион. Исто така, тоа значи дека турската apмија нема да го нападне градот Кобани, рече Пенс.

 

Потпретседателот на САД додаде и дека Турција и САД се „решени да ја поразат ИCИC во северна Сирија“, што вклучува договор за „координирање на нивните активности во однос на камповите и затвopите лоцирани во претходно контролирани области на ИCИC“.

Непосредно пред објавата на Пенс, Трамп напиша на Твитер дека следат „одлични вести од Турција“, тврдејќи дека „милиони животи“ ќе бидат спасени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This