ПОЛА ЧАС МУ ЈА БАРАЛЕ НАЦИОНАЛНОСТА ВО ХОЛАНДИЈА: За на крај да разберат дека нема повеќе Македонци, повеќе не постоиме како народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во општина во Холандија на средба којашто треба да трае максимум 10 минути. Го подавам мојот пасош. Госпоѓата веќе го има мојот фајл и потребна е само мала формална проверка. Госпоѓата: Господине, во полето националност не можам да внесам македонец. Дали вашата националност е македонец?

Јас: Да, да.

Госпоѓата: па не може, системот не го прифаќа тоа. Дали сте сигурен дека тоа е вашата националност?

Јас: Па да. Имаше некаков договор помеѓу Македонија а и Грција, името на државата беше променето, меѓутоа националноста сеуште е македонец (барем така треба да биде). Може да проверите македонец/граѓанин на Северна Македонија.

Госпоѓата: господине, и тоа не може. Чекајте да проверам на интернет. (бара нешто…).
Аха, ќе пробам Бивша југословенска Република Македонија.

Јас: во ред, пробајте.

Госпоѓата: и тоа не може. Чудно, многу чудно. (Се смее.)

Не можам да ве внесам во системот. Чекајте ќе прашам некои од колегите.
(Се собираат 3-4 административци).

Никој од нив не знае како да го реши проблемот. Поминаа веќе 30 мин.

Госпоѓата: (Нервозно, не знае веќе што да прави.)

Знаете овие состаноци се во главно формални и траат максиум 10 мин.

Јас: Знам, знам.

Госпоѓата: Ќе пробам повторно. Внесува 10тина различни поими.

5 луѓе се обидуваат да ја одгатнат мојата националност. А самиот не можам да помогнам. Сите можности на коишто помислив веќе беа употребени.

На крај доаѓа една женичка од нејзините колеги и ја решава ситуацијата. И вика на госпоѓата: Треба да внесеш граѓанин на Република Северна Македонија или на холандски тоа е (Burger van de Republiek Noord-Macedonie).

Госпоѓата: Конечно, ја одгатнавме твојата националност. Направи слика од ова и секогаш носи го со себе, за да немаш слични проблеми.

И така до заврцестен идентитет…

 

 

https://www.facebook.com/darko.bozinoski1/posts/10206072038275988

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This