ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ Природни лекови за болка во грлото: Ги имате дома, а многу помагаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еве кои четири производи ќе ви помогнат да се ослободите од болката во грлото на природен начин

Болката во грлото можеби е најнапорниот симптом што често се јавува како најава за настинка или грип. Поради неа, не можете да јадете убаво, ниту да спиете или зборувате… За среќа, некои домашни лекови можат да ви помогнат да се ослободите од овој проблем…

Мед
Не само што медот може да ве заслади, туку тој има и лековити својства, благодарение на неговите антибактериски својства што ги намалуваат воспаленијата. Освен тоа, медот во тенок слој останува залепен за грлото, со што се намалува иритацијата во текот на голтањето храна.

Солена вода
Можеби ова не е највкусната идеја, но правењето гаргара со солена вода може да го ублажи отокот на ткивото и да ги убие бактериите. Измешајте половина лажичка сол со чаша вода и правете гаргата минута0две, водејќи сметка да не ја проголтате водата.

Чај од камилица
Овој чај не само што може да ви помогне да се смирите и заспиете, туку е докажано дека има антивоспалителни својства. Антиоксидансите и другите состојки на овој чај имаат смирувачки ефект ако почнете да го пиете кога ќе ги почувствувате првите симптоми на болка во грлото.

Освен тоа, овој чај не содржи многу кофеин, што значи дека можете без проблем да го пиете и навечер. Ако ве боли грло, дефинитивно треба да додадете и малку мед во шолјата чај од камилица.

Лимон и топла вода
Некои луѓе пијат топла лимонада, односно мешавина од топла вода и цеден сок од лимон со надеж дека тоа ќе им помогне да ослабат или ќе им ја исчисти кожата. Покрај тоа, оваа напивка може и да ви помогне да се изборите против симптомите на настинка и грип.


Благодарение на антибактериското и антивирусното дејство на лимонот, како и фактот дека е добар за имунолошкиот систем, ова цитрусно овошје создава киселина на средина во грлото, отежнувајќи го задржувањето на вирусите и бактериите. Лимонот е исто така богат со витамин Ц, а истражувањата покажале дека делува превентивно против вирусите и настинките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This