March 28, 2024, 10:12 am

ПРЕТПРИЈАТИЈАТА РАБОТАТ СО ЗАГУБА, А СИ СЕ ЧАСТАТ ХОНОРАРИ: Приходите на скопските јавни претпријатија се трошат за хонорари и дневни патувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Недомаќинско работење, повеќе пари за патувања, дневнци и зголемени паушали за управни и надзорни одбори, откриваат извештаите на скопските јавни претпријатија, кои се разгледуваа вчера на Совет на Град Скопје.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески посочи дека самите извештаи говорат за нeгaтивнитe параметри кои ги остваруваат повеќе директори на овие скопски претпријатија што упатува на нecoвесно работење, но и индиции за одредени злoyпотpeби.

Тој истакна дека јавното претпријатие „Водовод“ кое за цела 2018-та година има произведено 103 милиони кубни вода, има фактурирано само 38 милиони кубни вода, или нефактурирани се 65 милиони кубни вода.

Овие бројки преку пластичен пример би значеле дека една фабрика за автомобили годишно произведува 103 автомобили, од кој продава само 38, а останатите 65 ги остава во отпад, и ваквото работење никако не може да се нарече успешно, истакна Галески.

Додека претпријатието бележи годишна загуба од 54 милиони денари, тоа ја зголемува ставката за дневници за службени патувања, ноќевања и патни трошоци за повеќе за девет пати. Односно од 113 илјади денари колку што се потрошило во 2017-та година, во 2018та година станале над 1 милион денари, дополни советникот на ВМРО-ДПМНЕ Галески.

Можеби најскандалозно е што претпријатието на вака нeгaтивeн извештај има трошоци за правни, адвокатски и нотарски услуги од 66 милиони денари за 2018та година. И не е спорно дека се потрошени овие средства туку спорен е начинот на кој се потрошени парите.

Според информации објавени во медиумите, адвокатската канцеларија на пратеничката на власт Снежана Калевска Ванчева добила 48 илјади евра од ЈП „Водовод“, а еден од ангажираните адвокати бил организацискиот секретар на СДСМ и советник на премиерот Зоран Заев, Миле Зечевиќ, кој инкасирал 77.000 евра, истакна совеникот Галески.

Според него проблематичен е и извештајот на Јавното Претпријатие ЈСП. За 2019 та година се предвидува да се оствари добивка од само 207 илјади денари, но речиси двојно од ова, минатата година биле зголемени надоместоците за управен и надзорен одбор на претпријатието.

Добро е што директорот си задал за цел да се бори да оствари добивка за цела година иако таа е од само 207 илјади денари, но проблематично е тоа што додека тој ова го прави не му пречело да се зголемат трошоците за паушалитена членовите на Управен и Надзорен одбор за 406 илјади денари повеќе, односно за паушали наместо 1 451 000 денари сега се троши 1 857 000 денари повеќе. Паушалите за управниот и надзорен одбор се зголемени и на ЈП Улици и Патишта, истакна Галески.

На овие констатации, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, истана дека работите треба да се гледаат од почеток и од еден поширок контекст.

-Претпријатијата за кои говорите работеа и порано со загуба и се преземени со огромни долгови. Воедно има покачувања на трошоците за управни и надзорни одбори кај претпријаијата кои работат позитивно и остваруваат добивка, истакна Шилегов.

Во однос на начинот на кој се делат средствата од страна на ЈП „Водовод“ на адвокатските друштва, Шилегов посочи дека тоа било обврска  наметната од претходната власт, односно работите од посложен каракер да се делат на адвокатски друштва и дека целата распределба е законска.

-Не треба да се политизира начинот на кој се делат парите. Имено во минатото неколку адвокати и една нотарка блиски до власта ги добиваа зделките од претпријатијата. Сега има поголема конкуренција, и се доделуваат работите низ транспарентен процес, посочи Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This